Масанобу Фукуока

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Масанобу Фукуока
Масанобу Фукуока во 2002 година
Роден(а)2 февруари 1913(1913-02-02)
Иј, Јапонија
Починал(а)16 август 2008(2008-08-16) (воз. 95 г.)
НационалностЈапонец
Занимањеземјоделец, фармер, автор
Познат(а) пофилозофија, земјоделство
Значајни делаРеволуцијата на една сламка
НаградиРамон Магсејсеј

Масанобу Фукуока (福岡 正信 Fukuoka Masanobu; 2 февруари 191316 август 2008) бил јапонски селанец, земјоделец, филозоф и микробиолог, основач на школа за природно полјоделство.

Масанобу Фукуока бил веројатно еден од најзначајните теоретичари на полјоделство, кои се појавиле во нашето време. Неговиот пристап на полјоделството, неговата исхрана и неговата животна филозофија започнале редица на движења и отвориле еден сосема нов свет – светот на природното полјоделство.

Засновајќи ја својата теорија и пракса врз четири основни принципи: без обработка (орање или копање), без ѓубре или компост, без плевење и без хемикалии, и водејќи сосема нов пристап до полјоделството (на пример: сеел пред жетвата), Фукуока укажал на правецот по кој полјоделството би требало да оди, доколку сакаме оваа планета да биде дом и за потомците. Докажал дека без современите полјоделствени мерки можат да постигнат ист придонес како и со нив. Исто така, покажал со личен пример како човечката исхрана може да се подреди во природни текови.

Награди[уреди | уреди извор]

Дела[уреди | уреди извор]

Насловната страница на книгата Револуцијата на една сламка
  • Природниот пат на земјоделството (The Natural Way of Farming. Translated by Frederic P. Metreaud. Tokyo and New York: Japan Publications, 1985)
  • Револуцијата на една сламка (The One Straw Revolution. Translated by Chris Pearce, Tsune Kurosawa, and Larry Korn. Emmaus, Pennsylvania: Rodale Press, 1978)
  • Враќање кон природата (The Road Back to Nature. Translated by Frederic Metreaud. Tokyo and New York: Japan Publications, 1987)

Наводи[уреди | уреди извор]