Прејди на содржината

Мар Чикита

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мар Чикита
Слика од езерото Мар Чикита
Слика од езерото Мар Чикита
Слика од езерото Мар Чикита
Место Кордоба (аргентинска покраина) / Сантјаго дел Естеро (покраина), Аргентина
Координати 30°30′S 62°40′W / 30.500°S 62.667°W / -30.500; -62.667
Вид солено езеро
Главен дотек Дулсе (река)
Саладиљо (река)
Земји во сливот Аргентина
Површина 200-600
Надм. височина на површината 66-69
Острови Медано остров

Мар Чикита (на шпански буквално „Мало Море“) или Мар де Ансенуза е ендореично солено езеро кое се наоѓа на североистокот од Кордоба (аргентиска покраина), во централна Аргентина. Североисточниот агол на езерото се протега и во југоисточната Сантјаго дел Естеро (покраина). Тоа е најголемото од присутните природни солени езера во Аргентина.

Мирамар, Кордоба, плажата во лето.

Езерото се наоѓа во екорегионот Аргентински Еспинал.[1] Го зафаќа јужниот дел од вдлабнатина која има димензии од околу 80 км (север југ) за 45 км (исток запад). Неговата површина значително варира, со оглед на нејзината мала длабочина (околу 10 м), и се движи помеѓу 2,000 и 6,000 км2.

Хидрологија

[уреди | уреди извор]

Мар Чикита се полни првенствено од солените води на реката Дулсе, која доаѓа од Сантјаго дел Естеро на север откако се припојува со реката Саладиљо. Земјиштето околу долниот тек на Дулсе и Мар Чикита се мочуришта, населени со голем биодиверзитет (особено водни птици). Од југозапад, езерото го прима текот на реките Примеро/Сукија и Сегундо/Ксанаес, како и неколку потоци; овие приливи варираат многу од сушни до дождливи сезони. Соленоста на Мар Чикита е доста променлива, со измерени екстреми кои се движат од 250 g/L во време на ниско ниво на вода до околу 40 g/L во многу влажни години, како што е во деценијата по 1977 година, кога рекордни врнежи од дожд поплавиле голем дел од Мирамар, Кордоба.

  1. Dellafiore, Claudia, South America: Central Argentina (NT0801), WWF: World Wildlife Fund, Посетено на 2017-04-12

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]