Марширај или умри (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марширај или умри (англиски: March or Die) - британски филм од 1977 година, во режија на Дик Ричардс, кој е автор и на сценариото, заедно со Дејвид Гудман. Во главните улоги настапуваат: Џин Хекман, Теренс Хил, Катрин Денев, Макс фон Сидов и Ијан Холм. Музиката за филмот ја компонирал Морис Жар.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Фостер (го игра Хекман) е припадник на Легијата на странците кој е ангажиран да ги заштитува археолозите кои работат во Мароко на почетокот на XX век. Фостер бил учесник во Првата светска војна и сè уште го прогонуваат мрачните сеќавања од војната. Во блиското село, археолозите откриваат стара населба, но Арапите ја сметаат за свето место и племињата, предводени од Ел Крим (го игра Холм), заеднички ги напаѓаат легионарите.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „HRT (пристапено на 24.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-11-17. Посетено на 2017-11-23.