Марчин Бјалоблоцки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марчин Бјалоблоцки
Бјалоблоцки на Трката околу Британија 2013
Лични податоци
Цело имеМарчин Бјалоблоцки
Роден2 јули 1983 (1983-07-02) (36 г.)
Соколка,  Полска
Висина1,97 м
Маса79 кг
Податоци за клубот
Мом. клубСтил Дејвис Вија Рома РТ
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за хронометри
Аматерски клубови
2008–2009
2010
2018-
Спорт Бинс-Вилиер
Вилиер / Bigmaggys.com / Прендас Сиклисмо
Стил Дејвис Вија Рома РТ
Професионални клубови
2011–2012
2013
2014
2015-2016
2017
Моторпоинт Про-Сајклинг Тим
Тим УК Јут
Велошур-Џордана
ОНЕ Про Сајклинг
ЦЦЦ-Спранди-Полковице
Значајни победи
Ан Пост Рас (2013)
Национално хронометарско првенство (2015)
Последна промена
8 декември 2018

Марчин Бјалоблоцки (полски: Marcin Białobłocki; р. 2 јули 1983) — полски аматерски друмски велосипедист, кој моментално вози за британската аматерска екипа Стил Дејвис Вија Рома РТ.[1] Во периодот 2011-2017 настапувал професионално, главно за британски екипи.

Кариера[уреди | уреди извор]

Британски екипи[уреди | уреди извор]

Се приклучил на екипата Велошур за сезоната 2014,[2] откако неговата претходна екипа – Тим УК Јут – се распаднала на крајот на сезоната 2013.[3][4] Во декември 2014 година бил најавен како дел од воведниот состав на екипата ОНЕ Про Сајклинг за сезоната 2015.[5] Учествувал на Трката околу Полска како член на националната екипа на Полска,[6] каде го освоил завршниот хронометар на трката.[7]

Хронометри[уреди | уреди извор]

Марчин станал познат на британските хронометарски настани, возејќи за ОНЕ Про Сајклинг, кога го срушил рекордот од 10 милји на Алекс Даусет, со време од 16:36.

Потоа го срушил рекордот на Даусет на 25 милји со време од 44:04. Ова време го подобрил во 2018 година кога Марчин извозел 42:58.

Во 2018 година, Марчин го презел рекордот на 50 милји со време од 1:30:31, три минути побрзо од претходниот рекорд поставен само неколку недели претходно.

ЦЦЦ-Спранди-Полковице (2017)[уреди | уреди извор]

Се приклучил на полската екипа ЦЦЦ-Спранди-Полковице во 2017 година,[8] откако претходно две сезони возел за британската екипа ОНЕ Про Сајклинг.[9]

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[10]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
6. Гран при Велс
2009
1. Друмска трка Мост Северн
1. Краен пласман Три дена Жирван
2010
3. Класик Ист Јоркшир
4. Тур Резервоар
2011
1. Етапа 6 Ан Пост Рас
1. Меморијал Џок Вадли
2. Тур Резервоар
2. Класик Ист Јоркшир
2. Друмска трка Мост Северн
3. Рутланд-Мелтон
2012
6. Краен пласман Ан Пост Рас
1. Етапа 1
Тур Серија
1. Осмо коло - Торгеј
2. Гран при Линколн
2. Меморијал Јок Водли
3. Њупорт Ноктурн
2013
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Ан Пост Рас
1. Перфс Педал Рејс
1. Сиркут Фенс
2014
1. Сајкл Вилтшир Гран при
2. Друмска трка Мост Северн
3. Гран при Линколн
7. Краен пласман Ан Пост Рас
1. Етапа 5
10. Рутланд-Мелтон Интернешнл Сајкл Класик
2015
1. MaillotPolonia.PNG Национално хронометарско првенство
1. Етапа 7 (ITT) Трка околу Полска
1. Примавера друмска трка
1. Бери Фаро Меморијал
1. Етапа 2 Тур Резервоар
Тур Серија
1. Осмо коло - Кројдон
1. Десетто коло - Бат
2. Хроно де Насионс
3. Перфс Педал Рејс
5. Велотон Велс
6. Гран при Ридејл
7. Краен пласман Тотнес-Вајр
8. Краен пласман Ронде ван Миден-Недерланд
9. Светско хронометарско првенство
2016
1. Jersey green.svg Спринтерски пласман Трка Дубаи
1. Етапа 1 (TTT) Ронде ван Миден-Недерланд
2. Национално хронометарско првенство
2018
1. Велшко хронометарско првенство во 25 милји
2. Национално хронометарско првенство

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Team News: Steele Davis Via Roma Racing Team". VeloUK. Larry Hickmott. 11 декември 2017. Посетено на 8 јануари 2018.
  2. Вин, Најџел (9 декември 2013). "Velosure-Giordana racing team for 2014". Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 26 декември 2013.
  3. "Marcin Bialoblocki". ProCyclingStats. 2 септември 1983. Посетено на 8 октомври 2013.
  4. Marcin Białobłocki
  5. Кери, Том (9 декември 2014). "England wicketkeeper Matt Prior launches UCI Continental team ONE Pro Cycling". telegraph.co.uk. Посетено на 9 декември 2014.
  6. http://wyborcza.pl/1,91446,18475406,tour-de-pologne-wyniki-pierwszego-etapu.html
  7. Вин, Најџел (8 август 2015). "Марчин Бјалоблоцки го освои хронометарот на Трката околу Полска додека Јон Изагире ја освои трката". Cycling Weekly. Посетено на 9 август 2015.
  8. "Russian President Putin questions TUE system". Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 12 октомври 2016. Посетено на 8 јануари 2018.
  9. Кери, Том (9 декември 2014). "England wicketkeeper Matt Prior launches UCI Continental team ONE Pro Cycling". telegraph.co.uk. Посетено на 9 декември 2014.
  10. "2017: 100th Giro d'Italia: Start List". Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]