Мартовски Иди (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мартовски Иди (англиски: The Ides of March) е американски филм од 2011 година, во режија на Џорџ Клуни. Главните улоги го играат: Џорџ Клуни, Рајан Гослинг, Филип Сејмур Хофман, Пол Џамати и Мариса Томеи.

Содржина[уреди | уреди извор]

Идеалистичкиот соработник во кампањата, Стивен Маерс, му се заколнува на целосна верност на гувернерот Мајк Морис, кој е претседателски кандидат, чии напредни идеи би можеле да ја променат политичката сцена. Сепак, бруталната изборна трка во Охајо го става на тест интегритетот на Морис. Стивен е заробен во валканата битка и се замешува во скандал, така што, за да преживее, тој мора да игра на двете страни.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Валкана битка меѓу две политички страни“, Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 3.