Марти Мистерија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марти Мистерија (оригинален назив: Martin Mystère) е име на стрип јунак создаден од страна на писателот Алгредо Кастели, а графички дизајниран од Џанкарло Алесандрини. Стрипот со ист назив за првпат е објавен во Италија во 1982 година од страна на издавачот Sergio Bonelli Editore. Во поранешна Југославија првпат е објавен во 1982 година, а на македонски јазик за првпат е објавен во 1996 година.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Марти Жак Мистерија (оригнално име: Martin Jacques Mystère) е стрип јунак. Роден на 26 јуни 1942 година.[2] Живее во Њујорк во стан полна со книги и интересни предмети на адреса: Вашингтон Мјуз, број 3 (оригинално: Washington Mews, 3).[3][4] По мистериозната смрт на неговите родители во авионска несреќа во 1965 година почнал да се интересира за археолошки, историски, научни или псевдонаучни енигми, и на научна основа се интересира за неидентификувани летечки објекти, за екстрасензорна перцепција и за многу други загатки кои науката не може да ги објасни.[3] Поради ова тој го има прекарот Детектив на невозможното.[5] Иако тој не детектив, кај него доаѓаат голем број клиенти кои му предлагаат интересни проблеми за решавање или бараат помош од него.[3] Покрај ова, кај него често гостин е и полицискиот инспектор Тревис, како и командантот на тајната владина агенција Крис Тауерс кои редовно го вклучуваат во решавањето на мистериозни проблеми.[3]

Има дипломирано антропологија од Универзитетот Харвард. Има специјализирано археологија на Сорбона, историја на уметност во Фиренца и кибернетика на јазикот на Massachusetts Institute of Technology. Некое време живеел во тибетски манастир каде што се здобил со мистичното трето око. Од својот духовен учител го добива древното оружје кое се нарекува мурчанда,[6] кое потекнува од мистериозниот континент Му. Моментов тој поминува повеќе време пред неговиот Макинтош компјутер[7] и ја подготвува следната книга чие завршување постојано го одложува. Покрај тоа има снимено голем број на еизоди својата телевизиска програма: „Мистериите на Мистерија". Успехот на оваа документарна серија му овозможува да ги финансира патувањата и купувањето на книги за преполната библиотека.

Авантурите на Марти Мистерија се современи и поставени се во ригорозно реалистичен амбиент благодарение на документарното истражување на авторите.[8] Без разлика дали авантурите на овој лик сведочат за заборавени цивилизации, дали откриваат зошто античкото село во Франција е населено со натприродни суштества, дали се бори против безмилосните 'Луѓе во црно', кои ги уништуваат сите траги што водат до далечното минато на кои се темелат легендите за изгубените цивилизации, Марти Мистерија го води читателот во постојано откривање на уметнички убавини, непознати култури, мистериозни места и интересни археолошки куриозитети, како што се потеклото на статуите на Велигденскиот Остров или потеклото на фантастични ликови како чудовиштето Лох Нес, Јети, вонземјани или Дедо Мраз[4][8], или пак, ликови од литературата како Шерлок Холмс и Петар Пан,[8] како и малку познати историски аспекти, легенди, куриозитети како што е експлозијата Тунгуска, мистериозното потекло на Етрурската цивилизација или легендарните континенти на Атлантида и Му. Потоа, тој во своите авантури открива за необјавените детали за животот на историските личности како Вилијам Шекспир, Мојсеј, Кристофер Колумбо, Леонардо да Винчи и др.[8]

На крајот од секоја истрага, Марти Мистерија има навика да го запише извештајот на личен сметач, со цел потоа да пишува книги и да прави телевизиски емисии.[3][4]

Тој има соработник кој живее со него и се вика Јава. Јава е вистински неандерталец кој заедно со другите од неговиот вид го преживеал исчезнувањето на неговиот вид со тоа што живееше целосно изолирано село во Монголија.[4][9] Јава се изразува со гатурални звуци, но Мартин успева да разбере и заедно се сведоци на сите авантури.[9] По повеѓе од четиринаесет години од веридбата тој тајно се омажил со Дијана Ломбард на 16 декември 1995 година.[4][10]

Пријатели и непријатели[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Martin Mystère sul sito della Varm Comics Архивирано на 6 luglio 2009.
  2. 2,0 2,1 „Martin Mystère FAQ“. 5 јануари 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Il mio nome è Martin Mystère“.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Martin Mystère“. 5 јануари 2017.
  5. 5,0 5,1 „Martin Mystère“. 5 јануари 2017.
  6. 6,0 6,1 Името на оружјето со зраци го поседува Марти Мистерија е на санскрит значи „неверојатен“ и се појавува во индиските митолошки приказни.
  7. 7,0 7,1 На почетокот започнувајќи од 1982 година компјутерот беше неодреден модел и беше опремен со компакт диск (многу пред компакт дискот да стане стандарден дел од компјутерската опрема)). Во подоцнежните броеви, авторот Алфредо Кастели го трансформирал тој генерички компјутер во Macintosh 128K откако и самиот купил таков компјутер.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 „IL SUO MONDO“.
  9. 9,0 9,1 9,2 „Martin Mystère“. 3 јануари 2017.
  10. 10,0 10,1 „Trent'anni di mysteri“. 11 април 2012.