Прејди на содржината

Мартин Прингл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мартин Прингл
Лични податоци
Полно име Мартин Улф Прингл
Роден на 18 ноември 1970(1970-11-18)(55 г.)
Роден во Гетеборг, Шведска
Држава Шведска Шведска
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2002 (31 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991-1994 Стенугсундс
1994-1996 Хелсингборг Хелсингборг 64 (15)
1996-1999 Бенфика Бенфика 41 (6)
1999-2002 Чарлтон Чарлтон 65 (11)
2002Гримсби Таун Гримсби Таун 2 (0)
Репрезентација
1995-1996 Шведска Шведска 2 (1)

Мартин Улф Прингл (роден на 18 ноември 1970 година, во Гетеборг) — шведски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, напаѓач.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Мартин Прингл бил роден во Гетеборг во 1970 година. Неговиот татко е од Јамајка, од каде се преселил во Лондон, Англија, кога требало да студира за електроинженер.[1] Таму тој ја запознал мајката на Мартин која била бејби-медицинска сестра и од таму двојката се преселила во Шведска во 1960-тите години.[1]

Прингл започнал да игра фудбал на седумгодишна возраст, кога неговиот татко му подарил дрес од Тотенхем.[1] Тој го загубил својот татко во 1985 година.[1]

На возраст од 18 години, тој направил пауза од фудбалот, за да отслужи воена служба во воената морнарица Navy SEALs.[2]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци и Хелсингборг

[уреди | уреди извор]

По отслужување на воената служба Прингл му се вратил на фудбалот во 1991 година, започнувајќи ја својата кариера во малиот шведски клуб Стенугсундс,[2] паралелно работејќи како лимар.[1]

Тој не играл професионален фудбал сè до своите 24 години, кога се приклучил на Хелсингборг во 1994 година. Иако бил напаѓач, во првите години по доаѓањето во Хелсингборг, тој играл како централен дефанзивец, откако тренерот му рекол дека му треба брзина и физичка подготвеност во центарот на одбраната.[2]

Својот прв погодок во првата лига на Шведска го постигнал на 4 август 1994 година, во победата со 3-2 на домашен терен над Вестра Фрелунда. Само три дена подоцна, тој го постигнал победничкиот гол во победата над Хекен повторно со резултат 3-2.

Откако првата сезона во Хелсингборг ја завршил со 21 настапи и 3 гола во првенството, во втората Прингл иако играјќи повторно како дефанзивец се прославил и со постигнување на голови; тој постигнал 7 гола во првенството, завршувајќи како втор клупски стрелец и помагајќи му на клубот да го освои второто место. Во неговата трета сезона, тој бил вратен на неговата вистинска позицијата во нападот,[2] постигнувајќи пет гола во првенството вклучувајќи ги и двата во победата со 2-0 над Естерс. На 6 август 1996, дебитирал во европските натпреварувања, постигнувајќи гол во натпреварот против Динамо Минск (1-1) во квалификациите за Купот на УЕФА; тој постигнал гол и во реваншот, помагајќи му на својот клуб да се квалификува за главната фаза на натпреварувањето.

Во октомври 1996 година, Прингл потпишал за португалската екипа Бенфика.[3] Своето деби за клубот го направил на 21 октомври 1996, во победата со 2-0 над Ештрела Амадора. Своите први голови во дресот на Бенфика ги постигнал во првенствената победа со 1-5 на гости кај Леса, кога двапати ја затресол мрежата на домаќините. На 8 февруари 1997, го постигнал својот трет гол за Бенфика во првенството носејќи му победа на својот тим од 1-0 над Жил Висенте. Три дена подоцна, тој постигнал уште еден гол, во победата со 2-1 над Маритимо во Купот на Португалија. Во споменатото натпреварување, „орлите“ стигнале до финалето каде биле поразени со 3-2 од Боавишта, а Прингл се појавил како замена во второто полувреме. Во неговата прва сезона со Бенфика, тој се мачел да избори минути за игра, забележувајќи само 17 настапи во првенството и купот.

Со доаѓањето во Португалија, напаѓачот се соочил со бројни проблеми, пред се разликата во фудбалот меѓу оној кој се играл таму и оној на кој бил навикнат во својата родна Шведска,[2] поради што речиси во текот на целиот негов престој во клубот не бил во преден план во офанзивната линија на Бенфика. По завршувањето на кариерата, Прингл во едно интервју признал дека технички се чувствувал инфериорно во однос на своите соиграчи од Бенфика: „Според шведските стандарди, бев технички добар играч, но кога пристигнав во Бенфика не можев ниту да направам ниту два допира со топката, имаше огромна разлика помеѓу мене и другите играчи, технички бев зад сите. Тогаш сфатив колку се добри врвните играчи“.[2][4]

Неговиот највпечатлив момент во сезоната 1997-1998, се случил во првенствениот натпревар на домашен терен против Ештрела Амадора; Прингл постигнал два гола за само три минути, носејќи им водство на „орлите“ од два гола предност на полувремето, но во продолжението тие неуспеале истата да ја сочуваат и натпреварот завршил нерешено 2-2.[5] Во сезоната 1998-1999, Прингл бил стартер во првите три првенствени натпревари на Бенфика, сите добиени и постигнал гол во третиот против Беира-Мар.[4] Во четвртиот тимот загубил од Фаренсе во гости со 1-0 и од тој момент судбината на шведскиот напаѓач се променила;[4] со доаѓањето на новите напаѓачи Дин Сондерс и Жорже Кадете, тој брзо паднал во хиерархијата од прв до последен избор,[2] по што во разговор со тренерот Греам Сунес побарал да биде продаден во Англија (земјата од каде што доаѓа Сунес) и да си замине од Бенфика.[2][4]

Вкупно во дресот на Бенфика одиграл 55 натпревари и постигнал 8 гола.[6] Неколку португалски медиуми го селектирале Прингл како едно најголемите промашувања на Бенфика.[7]

Чарлтон Атлетик

[уреди | уреди извор]

Во јануари 1999 година, по препорака на неговиот тренер од Бенфика, Греам Сунес, Прингл му се приклучил на англискиот клуб од Премиер лигата, Чарлтон Атлетик, на двомесечна позајмица.[8] Под раководство на Алан Карбишли, клубот беше вмешан во битката за испаѓање и го довел Прингл за да ги засили напаѓачките редови, во кои веќе биле вклучени играчи како Клајв Мендонка, Енди Хант и Кевин Лизби. Своето деби во Премиер лигата го направил на 9 јануари 1999 година, во поразот со 3–1 на гостувањето кај Саутхемптон кога тој го заменил Стив Џонс во 71-вата минута.

Во својот втор натпревар за Чарлтон, Прингл постигнал драматичен израмнувачки гол во 90-тата минута против Њукасл Јунајтед во ремито 2-2 на Вали. Во март 1999 година, по двомесечната позајмица во клубот, тој потпишал траен договор за надомест од 800.000 фунти, но на крајот не бил во можност да им помогне на Атлетик да избегнат испаѓање од Премиер лигата 1998-1999, завршувајќи ја сезоната со три гола во 18 натпревари. Во следната сезона, Прингл и Чарлтон ја освоиле титулата во Првата дивизија, за која тој придонел со 4 гола во 32 настапи, и заработиле автоматско враќање во Премиер лигата. Тој останал фаворизиран напаѓач во тимот и за време на сезоната 2000-2001, постигнувајќи уште еден гол во Премиер лигата против Челси во победата со 2–0 на 18 ноември 2000 година, но ја поминал речиси целата сезона надвор од терените поради повреда во потколеницата.[1][9] Неговиот последен натпревар во кариерата во Премиер лигата, се случил на 1 јануари 2001, во победата на Чарлтон на домашен терен над Арсенал со 1-0, влегувајќи како замена на местото на Шон Бартлет во 80-тата минута.[1]

Позајмицата во Гримсби Таун и завршување на кариерата

[уреди | уреди извор]

По една цела година без настап поради повреда, по опоравувањето Прингл бил позајмен на тимот од Првата дивизија, Гримсби Таун, заедно со соиграчот од Чарлтон Енди Тод, во февруари 2002 година.[10][11] Тој го имал своето деби за својот нов клуб во ремито 0-0 на гостувањето против Нотингем Форест на 23 февруари 2002 година. Во неговиот втор натпревар за клубот, при резултат 3–1 во нивна корист против Стокпорт Каунти, противничкиот одбранбен играч Дејв Чалинор, направил опасен старт врз Прингл, при што му ја скршил едната нога на две места.[12] Тој веднаш бил префрлен во Болницата „Дајана, принцезата од Велс“ во Гримсби.[13]

И покрај повредата, на Прингл подоцна му била дадена можност да остане во Чарлтон,[14] му бил даден број во тимот и бил регистриран за сезоната 2002–2003. Сепак, на 4 ноември 2002 година, тој бил принуден да се повлече.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

За шведската репрезентација, Прингл одиграл два натпревари, еден во 1995 и еден во 1996 година, постигнувајќи гол во вториот против Јапонија на Купот на Месечева нова година.

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-10-1995СолнаШведска Шведска2 – 0Шкотска ШкотскаПријателска-влегол во игра 66'
7-2-1996Хонг КонгЈапонија Јапонија1 – 1 прод.
(5 – 6 пен.)
Шведска ШведскаКуп на Месечева нова година 1996- Финале1влегол во игра 46'заменет 90'
Вкупно Настапи 2 Голови 1

Статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 26 ноември 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1994Шведска ХелсингборгА213КШ??------213
1995А217КШ??------217
мар. - окт. 1996А215КШ??КУ4[15]2[16]---257
Вкупно Хелсингборг6315??42--6717
окт. 1996-1997Португалија БенфикаПД153КП21------174
1997-1998ПД142КП31КУ20---193
1998- јан. 1999ПД121КП00ЛШ70---191
Вкупно Бенфика4165290--558
јан.-јун. 1999Англија ЧарлтонПЛ183ФАКуп+ЛК--------183
1999-2000324ФАКуп+ЛК2+20+0------364
2000-2001ПЛ71ФА Куп+ЛК1+00+0------71
2001- фев. 2002ПЛ00ФА Куп+ЛК0+00+0------00
Вкупно Чарлтон57850----628
јан.-јун. 2002Англија Гримсби Таун20---------20
Вкупно во кариерата16329102132--18633
  1. 1 2 3 4 5 6 7 Erik Niva (4 април 2020). „Martin Pringle: "Tydligen hade jag löpt amok fullständigt" (шведски). aftonbladet.se. Посетено на 24 ноември 2025.
  2. 1 2 3 4 5 6 7 8 Pedro Jorge da Cunha (17 јануари 2019). „Martin Pringle: «Antes de ir para o Benfica fui 'Navy Seal'»“ (португалски). maisfutebol. Посетено на 24 ноември 2025.
  3. „O legado sueco em Portugal“ (португалски). zerozero.pt. 13 ноември 2013. Посетено на 24 ноември 2025.
  4. 1 2 3 4 „Pringle: «Cheguei ao Benfica e percebi que não era tão bom assim»“ (португалски). record.pt. 2 април 2020. Посетено на 25 ноември 2025.
  5. „O herói do último empate na Luz: «O Estrela tem condições para pontuar com o Benfica»“ (португалски). A Bola. 22 август 2024. Посетено на 25 ноември 2025.
  6. „Martin Pringle“ (португалски). serbenfiquista.com.
  7. „Flops do Benfica: 10 jogadores que desiludiram“ (португалски). bancada.pt. 4 август 2025. Посетено на 26 ноември 2025.
  8. Charlton run into a spot of trouble on brink of the snake pit; The Guardian, 19 April 1999
  9. Arsenal v Charlton preview; BBC Sport, 25 August 2000
  10. „Pringle heads to Grimsby“. UEFA. 21 February 2002. Архивирано од изворникот на 16 June 2016. Посетено на 7 June 2016.
  11. Addick duo joins Grimsby; BBC Sport, 21 February 2002
  12. „Pringle contract boost“. BBC Sport. 16 May 2002. Посетено на 9 May 2007.
  13. Grimsby 3–1 Stockport; BBC Sport, 26 February 2002
  14. Pringle contract boost; BBC Sport, 16 May 2002
  15. 2 настапи во квалификациските кола.
  16. Во квалификациските кола.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]