Марта Греам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Martha Graham
Martha Graham by Yousuf Karsh (1948)
Роден(а)мај 11, 1894(1894-05-11)
Pittsburgh, Pennsylvania, U.S.
Починал(а)април 1, 1991(1991-04-01) (возр. 96)
New York City, New York, U.S.
НационалностAmerican
Познат(а) поDance and choreography
ПравецModern dance
НаградиKennedy Center Honors (1979)
Presidential Medal of Freedom (1976)
National Medal of Arts (1985)

Марта Греам (англиски Martha Graham; 11 мај 1894 - 1 април 1991) е американска балерина и кореографка по модерен танц која извршила толку големо влијание врз танцот како што Пикасо извршил врз модерната визуелна уметност., Стравински врз музиката и Френк Ллојд Врајт врз архитектурата. Таа танцувала и правела кореографии преку 70 години. Греам е првата танчарка која некогаш танцувала во Белата куќа, патувала во странски земји како културен амбасадор и ја примила наградата за највисоко цивилно мирновременско одликување. Во текот на нејзиниот живот добила големи почести од ,, клучот на градот‘‘ на Париз до јапонскиот Орден на ,,Скапоцената круна‘‘. Таа еднаш рече- ,,Јас го поминав целиот мој живот со танцот, како танчарка. Тоа ти дава можност да го живееш животот со полн интензитет. Некогаш и не е толку пријатно. Некогаш е застрашувачки. Но и покрај се тоа е неизбежно.‘‘[1]

Рана биографија[уреди | уреди извор]

Греам е родена во 1984 година во Алегени кој денес припаѓа на Питсбург, Пенсилванија. Нејзиниот татко бил она што во Викторијанско време е познато како ,,алиенист‘‘ односно рана форма на психијатрија. Греамови се презвитеријанци (протестантска црква) . Др Греам бил трета генерација од ирска фамилија која се преселила во Америка а нејзината мајка Џејн Бирс е десетта генерација на војникот Мајлс Дејвис, Пуританскиот капетан.

Во средината на 1910 година таа го започнала своето школување во Denishawn School of Dancing and Related Arts, основано од Рут Денис и Тед Шон, каде останува сè до 1923 година.

Нова ера во танцот[уреди | уреди извор]

Во 1925 година Греам се вработува во музичкото училиште ,,Истман‘‘ каде Рубен Мамулиан ја води школата за драма. Покрај голем број на изведби тие заедно направиле краток филм наречен,,Флејтата на Кришна‘‘ во кој играат студентите од училиштето Истман. Подоцна Мамулиан го напушта Истман а по него и Греам се одлучува на истиот чекор иако и било понудено да остане да работи таму.

Во 1926 година таа го основа ,,Марта Греам- Центар за Современ Танц‘‘. На 18 април истата година на 48от Уличен театар Греам дебитира со нејзиниот прв самостоен концерт составен од 18 кратки соло и трио изведби кои таа сама ги кореографирала. Таа подоцна ќе изјави : Се што создадов тогаш беше под влијание на Денишо. Една од ученичките на Греам е и нејзината наследничка Бетсабе де Ротшилд, со која станала многу блиска пријателка. Кога Ротшилд се преселила Во Израел и ја основала Batsheva Dance Company Греам, била таа која станала прв директор на школата.

Во 1936 година Греам ја создала кореографијата ,,Хроники‘‘ која претставува нејзиното прво обележје а воедно и почеток на нова ера во модерниот танц. Овој танц покренал сериозни прашања кај пошироката публика во однос на драматичноста. Инспирирана од кризата на Вол Стрит, Големата депресија и Граѓанската Војна во Шпанија ова парче имало депресивен и изолаторски карактер покажан со мрачност на поставката и костумите.

Во 1938 година Ерик Хокингс е првиот маж кој танцувал за нејзината школа. Следната година тој официјално се приклучил на нејзината танцова трупа танцувајќи бројни машки улоги во нејзините претстави. Тие се венчале во 1948 година. Тој ја напуштил нејзината трупа во 1951 година а тие се разведуваат во 1954 година.

Нејзиното најголемо дело ,,Клитемнестра‘‘ е создадено во 1958 година со партитура на египетскиот композитор Халим ел Даб. Таа соработува со композитори како Арон Копланд на Appalachian Spring, Луис Хорст, Самуел Барбер, Вилијам Шуман, Карлос Суринак, Норман Дело Џојо и Џан Карло Меноти. Мајката на Греам умира во 1958 година. Нејзиниот стар и добар музички соработиник Луис Хорст умира во 1964 година. Во негова чест таа рече- ,,Неговата склоност и разбирање, но првично неговата верба, ми оставија цел пејзаж за да можам да продолжам понатаму. Без тоа јас сигурно ќе бев изгубена.‘‘

Има неколку впечатливи исклучоци во нејзините документирани танци. На пример таа работела ограничен период со фотографот Имоген Канингам во 30 години и Барбара Морган во 40 години. Греам ја смета фотографијата во Dark Meadows на Филип Халсман за најкомплетно овековечување од сите нејзини танци. Халсман исто така го фотографирал во четириесеттите Letter to the World, Cave of the Heart, Night Journey и Every Soul is a Circus. Во подоцнежните години нејзиното размислување еволуирало па некои ја убедувале да има дозволи да го создадат повторно она што било изгубено.

Греам ја создала нејзината кариера на возраст која се сметала доцна за танчер. Таа сè уште танцувала во средината на шеесеттите години и нејзините дела од овој период биле изведби во кој таа самата ги играла и биле повеќе одглумени отколку танцувани . Во нејзината биографија ,,Марта‘‘ авторката Агнес де Мил ја наведува нејзината последна изведба во мај 1968 година на Time of Snow. Но подоцна биографот Расел Фридман во Животот на танчерите наведува дека последната изведба на Греам е во 1969 година. Во нејзината автобиографија во1991 година таа спомнува дека за последна изведба се смета онаа во 1970 година на точката Cortege of Eagles на возраст од 76 години.

Во следните години нејзиното заминување од сцената било проследено со голема депресија поттикната од погледот на младите младите танчери кои ги изведувале точките кои таа самата ги кореографирала за себе и нејзиниот поранешен сопруг. Во ова време здравјето на Греам нагло се влошило со злоупотребата на алкохол за да ја ублажи болката. Во Blood Memory таа напиша:

,,Требаше да поминат години за да можам да поднесам да го гледам балетот кој го создадов танцуван од друг танчер. Јас верувам дека не треба да се враќате назад, никогаш да не и се предадете на носталгијата или сеќавањата. Но како може да ја заобиколите кога гледате на сцената танчерка направена да личи таква каква што сте биле вие пред 30 години и танцувајќи точка која сте ја создале со некој во кој сте биле длабоко вљубени, вашиот сопруг? Мислам дека тоа е кругот во пеколот која Данте го заборавил.‘‘ ,,Кога престанав да танцувам ја загубив волјата за живот. Седев дома сама, малку јадев , пиев премногу и размислував. Моето лице беше упропастено и луѓето ми велеа дека изгледам чудно со коешто се согласував. На крајот мојот организам се предаде при што останав во болница долго време, повеќето во кома.‘‘

По неуспешниот обид за самоубиство таа била хоспитализирана. Греам не само што го преживеа престојот во болницата туку се и созема. Во 1972 година таа престана да пие , се врати во нејзиното студио, ја реорганизирана нејзината танцова компанија и создаде уште десет нови балетски дела како и многу обновувања. Нејзиното последно балетско дело е Maple Leaf Rag во 1990 година.

Таа кореографирала сè до нејзината смрт во Њујорк во 1991 од пневмонија на 96 години. Таа била кремирана а нејзината пепел била распространета низ падините на планината Sangre de Cristo во Ново Мексико.

Влијание и наследство[уреди | уреди извор]

Греам е обележана како ,,Пикасо на танцот‘, нејзиното влијание врз танцот е еквивалент на она на што Пикасо влијаел во модерната визуелна уметност. Нејзиниот белег е споредуван и со влијанието на Стравински на музиката и влијанието на Франк Ллојд Врајт на архитектурата. За да се прослави нејзиниот 117 роденден Гугл за еден ден го смени своето лого посветувајќи го на животот и наследството што Греам го остави.

Марта Греам се смета за жената која го донела танцот во 20 век. Благодарение на нејзините асистенти Рон Протас и Линда Ходс голем дел од нејзината работа и техники се зачувани. Тие документирале интервјуа на Греам опишувајќи ја својата техника и направиле снимки како танцува. Како што Глен Тетли рече на Агнес де Мил: ,,Прекрасното кај Марта во нејзините добри години беше нејзината великодушност .Толку многу луѓе го крадеа уникатниот вокабулар на Марта свесно или несвесно и го изведуваа на концерти. Ниту еднаш не ја чув Марта да рече ; Па тие ја играа мојата кореографија.‘‘. Таа создаде цело едно движење кое направи револуција во танцовиот свет денес познато како модерен танц. Сега танчери низ целиот свет го учат и го изведуваат модерниот танц. Кореографи и професионални танчери во нејзе гледаат инспирација.‘‘

Танцовата Компанија на Марта Греам[уреди | уреди извор]

Марта Греам Танцовата Компанија е најстарата танцова школа во Америка. основана е во 1926 година. Тука учеле едни од најпознатите танчери и кореографи на XX и XXI век како Ерик Хокингс, Ана Соколов, Мерс Канингам и Пол Тејлор. Оваа школа продолжува со своите настапи вклучувајќи го Saratoga Performing Arts Center во јуни 2008 година, програма која се состои од : The Incense на Рут Ст. Денис, Греамовата преработка на Serenata Morisca на Тед Шон, Lamentation на Марта Грахам, обновувањето на Panorama Марта Греам од страна на Јурико изведена од танчерите на Skidmore College, преработката на Chronicle од филмот на Џулиен Брајан, Греамовата Errand into Maze and Leag Rag. Танчерите од школата имаат настапувано во 2007 година во Музејот на современа уметност во Чикаго со програма ос Appalachian Spring, Emabattled Garden, Errand into Maze and American Original.

Цитати[уреди | уреди извор]

Според Агнес де Мил:

Најдоброто нешто што таа некогаш ми го кажала беше во 1943 година по промовирањето на Оклахома, кога имав неочекуван, екстравагантен успех за дело коешто мислев дека е прилично добро по години запостаување на работата која мислев дека е само во ред. Јас бев збунета и загрижена дека целата моја скала на вредности е неверодостојна. Зборував со Марта. Добро го паметам целиот разговор. Беше во ресторанот Шрафт каде бевме излезени на по еден пијалак. И признав дека имам неизмерна желба да бидам одлична во работата но немав верба дека го можам тоа. Марта ми рече, многу тивко: Постои виталност, животна сила, енергија, забрзување кое ти го толкуваш преку акција и бидејќи постои само една ти во сите времиња тоа изразување е уникатно. Ако го игнорираш никогаш нема да биде пренесен преку ниту еден медиум и ќе се изгуби.Светот нема да го има како постоечко. Не е твоја задача да одредуваш колку е нештото добро или вредно ниту пак како се споредува со другите видови на изразување. Твоја задача е да го зачуваш како твое и да ги оставиш каналите дирекно отворени. Ти дури и не мора да веруваш на себе и на твојата работа. Треба да останеш отворена и свесна за нагонот што те мотивира. Држи ги каналите отворени.....Ниту еден изведувач не е задоволен. Како и да е никогаш не постои задоволство . Постои само чудно божествено незадоволство, благословен немир кој не тера да маршираме и не прави поживи од другите.

Виталните гестикулации се евоцирани од единствената вистинска убавина. Грдоста всушност може да биде убава ако е во плач со гласот на моќта.- Марта Греам 1928 година

Признанија

ВО 1976 година Греам го добила Највисокото цивилно мирновременско одликување во САД од претседателот Гералд Форд (Првата дама Бети Форд танцувала заедно со Грахам во нејзината младост). Форд ја прогласил за национално богатство

Грахам била внесена во Алејата на славните при Националниот Музеј на Танц ,,Ц.В Витни‘‘.

Во 1998 година Time Magazine ја именува како ,,Танчер на Векот‘‘ а People Magazine ја нарекува ,,Икона на векот‘‘. Њујорк Магазин напиша дека таа е брилијантна, млада танчерка.

Кореографија[уреди | уреди извор]

Извадокот од рецензијата на Џон Мартин за Њујорк Тајмс ни дава увид на кореографскиот стил на Греам:

Јасноста и интензитетот на нејзината цел се толку моќни при што со самото подигнување на завесата ти задаваат удар и во тој момент решаваш дали ќе ја сакаш или не. Таа ги менува расположенијата и движењата сè додека не ги ослободи сите ирелевантни материи и ги доведе до највисокиот степен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Martha Graham: About the Dancer“. American Masters. NPR. September 16, 2005.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]