Марта Арсовска Томовска
Марта Арсовска-Томовска | |
---|---|
Министер за информатичко општество | |
На должноста 11 ноември 2015 – 1 јуни 2017 | |
Претседател | Ѓорге Иванов |
Премиер | Никола Груевски Емил Димитриев |
Претходник | Иво Ивановски |
Наследник | Дамјан Манчевски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1 март 1973 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Занимање | политичар |
Вероисповед | православен христијанин |
Марта Арсовска Томовска (1 март 1973 во Скопје) — министер за информатичко општество и администрација на Македонија во периодот 2015–2017. Претходно била заменик-министер во истото министерство.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Арсовска-Томовска е родена е на 1 март 1973 година во Скопје. Дипломирала на електротехничкиот факултет во Скопје, а магистрирала на економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
До 2011 година работела на раководни функции во Првиот семрежен услужник во Македонија и во „Ултра компјутер“. Учествувала во управувањето со систем-интеграторски проекти имплементирани во министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, министерството за труд и социјална политика, Царинската управа, Управата за јавни приходи. На нејзина иницијатива во 2004 година бил реализиран проектот за бришење на Македонија од црните листи на небезбедни земји за интернет трговија и воспоставена е „Култура за интернет безбедност“. Била член и на експертската работна група за подготвување на стратегија за имплементација на FWA/WIMAX електронски мрежи во Македонија.
Во 2011 година е назначена за заменик-министер за информатичко општество и администрација. Од јануари 2013 година е член на големото жири на Светскиот самит за награди кој е организиран во партнерство со Обединетите нации, а од септември 2014 е и неизвршен член во одборот на директори на World Summit Awards. Добитник е на различни признанија, а била избрана и меѓу најдобри 10 менаџерки на годината.
Наводи
[уреди | уреди извор]Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Иво Ивановски |
Министер за информатичко општество и администрација 2015–2017 |
Наследник Дамјан Манчевски |