Марс (програма)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Програмата Марс била советски научно-истражувачки програм наменет за истражување на планетата Марс и на меѓупланетарниот космички простор.

Во склоп на програмот, лансирани биле од автоматска научно-истражувача станица (вештачки сателит) под називот Марс.

Мисија[уреди | уреди извор]

Сателитите од серијата Марс биле лансирани од ракетата-носач на ракети Молнија (руски: Молния) (Марс-1) и Протон со додатни 4 степени (Марс-2 до Марс-7).

Марс-1, 2, 3[уреди | уреди извор]

Марс-1 откажал за време на летот кон Марс. Марс-2 влегол во орбитата околу планетата, но капсулата за спуштање се скршила поради преголемата брзина при приземјувањето (поради откажување на некој систем). Марс-3 спеал меко да се спушти на површината на планетата, но преносот на податоци престанал по само 20 секунди, се претпоставува поради песочните бури кои тогаш го покривале тој дел од планетата. Орбиталните станици Марс-2 и 3 успеале да пратат преку 60 фотографии, и ги извршувале другите мерења успешно.

Марс-4, 5, 6, 7[уреди | уреди извор]

Марс-4, 5, 6, и 7 биле лансирани во јули и август 1973 година. Два биле подесени за орбитална работа а други два биле во суштина капсули за спуштање на планетата.е Марс-4 не влегол во орбитата поради компјутерски грешки, и пратил неколку слики заедно со откривањето на јоносферата на ноќната страна на Марс. Марс-5 успешно влегол во орбитата и пратил телевизиски и фотографски снимки. По 9 дана и 60 слики, дошло до губиток на внутрешниот притисок кај леталото и откажало. Марс-6 влегол во атмосферата и почнал во рок од 224 секудни да праќа податоци кон Земјата. Меѓутоа, дошло до откажување на некој систем и леталото веројатно удрило во Марс со голема брзина. Марс-7 го промашил одсекот за спуштање на планетата поради грешки во компјутерот или интегралното коло, што исто така било причина за проблеми при мисиите Марс-4 и 6.

Летови од програмата Марс[уреди | уреди извор]

Име на мисија, година на лансирање:

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

Сателити од серијата „Марс“
Марс-1Марс-2Марс-3Марс-4Марс-5Марс-6Марс-7