Марко и цар Мурат

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марко и цар Мурат или Марко и Мурат-бег — македонска епска песна за Крале Марко.

Содржина[уреди | уреди извор]

Царот Мурат наредува Турците да не пијат вино, а христијаните да не носат зелена облека. Крале Марко не ја слуша наредбата и ги присилува Турците да пијат вино на Рамазан, а самиот тој си носи зелена наметка. Затоа, царот дава проглас дека кој ќе го убие Марко, за награда ќе ги добие градовите Скопје и Едрене. На прогласот се јавува црна Арапина, кој оди во потрага по Марко, кого го наоѓа по меаните во Стамбол (Истанбул) како безгрижно си јаде и пие. Арапот не го препознава Марко, кажувајќи му дека сака да го зароби или да го убие. Слушајќи ги тие зборови, Марко му ја сече главата на Арапот и му ја носи на царот Мурат. Тогаш, царот му дава дозвола да прави што сака, а освен тоа, му ги дава градовите Скопје и Едрене.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр. 54-55.
  2. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 57-58.