Марко и морска ламја

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марко и морска ламја — македонска епска песна за Крале Марко.

Содржина[уреди | уреди извор]

Морската ламја се пофалила дека ќе оди во Маркови кули и дека ќе го изеде Марковото машко дете. Посестримата на Крале Марко, самовилата Ера му го кажува тоа на Марко, а тој ѝ наредува на жена си да му ги подготви кобилата и оружјето, зашто сака да го прошета детето. Тогаш, Марко заминува во една шума, каде оди на лов, заборавајќи го детето во шаторот. Кога се враќа во шаторот, Марко гледа дека ламјата го изела детето и им наредува на своите кучиња да ја стигнат ламјата и да И ги изгризат нозете, а на соколите да ѝ ги ископаат очите. Потоа, тој ѝ го распорува срцето и го спасува своето дете.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр. 34-35.