Марко и Јуда самовила

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марко и Јуда самовила — македонска епска песна за Крале Марко.

Содржина[уреди | уреди извор]

Крале Марко оди низ шумата, а устата му подгорела од жед. Тогаш, шумата му кажува дека кај највисокото дрво има девет катанци со кои се заклучени девет реки од кои тој и коњот можат да се напијат вода. Марко го наоѓа дрвото, но Јуда самовила го ослепува, а на Шарец му ги пресекува нозете. Тогаш, Крале Марко ја замолува самовилата да му даде барем половина око за да си го види коњот. Таа се излажува и му го враќа видот, а Марко го зема боздоганот и ја тепа од петата до русата глава. Тогаш, самовилата го моли да престане, ветувајќи деа ќе му ги врати очите, а на коњот нозете.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр. 32-33.