Марко Мириќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мириќ како играч на Локарен

Марко Мириќ (Крагуевац, 26 март 1987) е српски фудбалер. Моментално настапувал за Раднички 1923.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Мириќ израснал во Крагуевачка Застава.[1] Своето сениорско деби го имал во Водојажа од Грошница, со која се натпреварувал во зонскиот ранг на натпреварувањето. Оттаму се преселил во Металац од Горњи Милановац, со кој успеал да стигне до Суперлигата од Српската лига. Првиот настап во највисокиот ранг на натпреварувањето не го забележал во Металац, туку во Спартак Суботица, на кој му се приклучил во 2009 година.

На 1 февруари 2012 година, Мириќ потпишал тригодишен договор со Црвена ѕвезда.[2] Тој поминал нешто помалку од две години во Црвена Ѕвезда, за кое време не успеал да го освои првотимскиот статус. Бил и на шестмесечна позајмица во Раднички 1923,[3] по што се вратил во клубот, но сепак имал статус на резервист. Во декември 2013 година поднел барање за раскинување на договорот, поради неподмирени долгови.[4] [5]

По добивањето на раскинувањето на договорот со Ѕвезда на Арбитражната комисија, Мириќ во јануари 2014 година потпишал договор со белоруски Минск.[6] Во август истата година, потпишал за хрватскиот прволигаш Славен Белупо од Копривница,[7] каде бил најдобар стрелец на клубот во сезоната 2014/15 со 10 постигнати голови.[8] По една сезона во Славен, Мириќ поминал четири години во Локерен, Белгија. Сезона 2019/20 поминал во Бањалучки Борец.[9] Од август 2020 година, по втор пат во кариерата играл за Раднички 1923.[10] Во сезоната 2020/2021 година, со Раднички влегол во српската Суперлига.[11]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Со своите игри во Спартак заслужил покана за репрезентацијата на Србија, за која дебитирал на 17 ноември 2010 година на пријателскиот натпревар против Бугарија (1:0) во Софија. Репрезентативниот дрес го носел на уште два натпревари - против Јужна Кореја (1:2) во Сеул и Австралија (0:0) во Мелбурн, во јуни 2011 година.[12]

Трофеи[уреди | уреди извор]

Црвена Ѕвезда[уреди | уреди извор]

  • Куп на Србија (1): 2011/12 .

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Застава се подмлађује“. Vesti.rs. 21. 7. 2017. Посетено на 2. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Потписали Мирић и Асамоа“. ФК Црвена звезда, званична презентација. 1. 2. 2012. Посетено на 2. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. „Из Звезде на позајмицу у Раднички КГ“. Mondo.rs. 18. 1. 2013. Посетено на 2. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Б92: Нови 'бегунац' – Марко Мирић“. b92.net. 3. 12. 2013. Посетено на 2. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „Нови ударац за Звезду: Марко Мирић поднео захтев за раскид уговора“. mozzartsport.com. 3. 12. 2013. Посетено на 2. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „Марко Мирић прешао у Минск“. Hotsport.rs. 31. 1. 2014. Посетено на 2. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Са "Маракане", преко Минска, у Хрватску!“. Mondo.rs. 12. 8. 2014. Посетено на 2. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. „Марко Мирић отишао у белгијски Локерен“. nk-slaven-belupo.hr. 18. 6. 2015. Посетено на 2. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. „Бомба у Платоновој: Марко Мирић у Борцу“. ФК Борац Бања Лука, званична презентација. 23. 6. 2019. Посетено на 2. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  10. „Искусни Мирић за убојитији напад "црвених". ФК Раднички 1923, званична презентација. 14. 8. 2020. Посетено на 2. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  11. „Искусни Мирић за убојитији напад "црвених". ФК Раднички 1923, званична презентација. 14. 8. 2020. Посетено на 2. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  12. „Марко Мирић“. Reprezentacija.rs. Посетено на 2. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]