Марко Крижевчанин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Св. Марко Стјепан Кризин
Sv. Marko Stjepan Krizin
Свештеник и маченик
Роден(а) 1589, Крижевци, Хрватско Кралство, Хабсбуршко Царство
Починал(а) 7 септември 1619, Кралскиот слободен град Кошице,
Унгарско Кралство
Почитуван(а) во Римокатоличка црква (Хрватска)
Беатификација 15 јануари 1905, Базилика Св. Петар, Рим, Кралство Италија, од Папа Пие X
Канонизација 2 јули 1995, Кошице, Словачка од Папа Јован Павле II
Главно светилиште Базилика Естергом и
Црква Св. Троица, Кошице
Слава 7 септември

Свети Марко Крижевчанин (Крижевци, 1589Кошице, 7 септември 1619) – канонизиран хрватски светец на Римокатоличката црква, свештеник, кошички маченик, професор по теологија, каноник и мисионер.

Биографија[уреди | уреди извор]

Неговото полно име било Марко Стјепан Кризин. Се родил во Крижевци, во загрепската бискупија. Најпрво студирал во језуитскиот колеџ во Грац, а подоцна и на универзитетот во Грац каде станал доктор по филозофија.

Како кандидат на загрепската бискупија бил примен во прочуениот римски колеџ Germanicum et Hungaricum, каде со своја рака запишал дека е Хрват , што се сочувало до денешен ден во архивот на заводот. Во Рим останал од 1611 до 1615 година.

Откако станал свештеник се вратил во родната бискупија каде останал кратко време. Кардиналот Петар Пазмањ го повикал во Унгарија, го поставил управник на црковното училиште во Трнава и острогонски каноник. Подоцна му го доверил и управувањето на бенедиктанската опатија Сеплак кај Кошице.

Во тоа време Кошице било тврдина на унгарскиот калвинизам. За да ја зајакне положбата на малобројните католици, градскиот управител во Кошице повикал двајца исусовци: Стјепан Понграц и Мелхиор Гродецки. Нивната плодоносна работа ја зајакнала свеста на католиците, но предизвикала без на калвинистите. Биле лажно обвинети дека предизвикале пожар и затворени. Во тоа време со нив се наоѓал и свети Марко кој исто така бил затворен. Свирепо ги мачеле и погубиле.

Канонизација на тројцата кошички маченици се случила на 2 јули 1995 година во Кошице, Словачка.[1]

Празникот на св. Марко Крижевчанин е на 7 септември.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]