Марко Јевтовиќ (фудбалер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јевтовиќ во натпреварот на Динамо Киев против Партизан во 2017 година

Марко Јевтовиќ (роден на 24 јули 1993 година) е српски професионален фудбалер кој настапува како играч од средниот ред.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетна кариера[уреди | уреди извор]

Марко Јевтовиќ започнал да игра во вреднуваните младински редови на екипата на Земун. На 18-годишна возраст тој се приклучил на составот на Динамо Москва, откако одиграл дел од сезоната 2010/2011 за екипата на Срем од Јаково. По краток претстој во главниот град на Русија, тој се вратил во Србија, во Сопот. На 19 години потпишал за составот на Хајдук од Кула.[2] Поради доста тешките финансиски проблеми, клубот, кој се истакнувал во последните фази од сезоната 2012/2013 во Суперлигата, престанал да постои.

Нови Пазар[уреди | уреди извор]

Поради тоа Јевтовиќ морал повторно да се пресели, па заминал во екипата на Нови Пазар.[3] Првиот официјален натпревар за клубот на Нови Пазар го имал на 17 август 2013 година, против составот на Рад. Во сезоната 2013/14 одиграл вкупно 18 натпревари (17 во Српската Суперлига и 1 во Купот на Србија), но не постигнал ниту еден гол. На 29 септември 2014 година, Марко го постигнал својот прв гол за екипата на Нови Пазар и тоа против клубот на Јагодина во победата од 3:0 на домашен терен.[4] Тоа бил и најубавиот гол во сезоната 2014/15 во Српската Суперлига. [5] На 4 април 2015 година, тој постигнал гол од пенал против екипата на Црвена ѕвезда од Белград во победата на домашен терен со 2:1.[6] Во 28то коло од Српската Суперлига, на 13 мај 2015 година, тој постигнал гол од пенал против екипата на Вождовац.[7] Сезоната 2014/15, за екипата на Нови Пазар, одиграл 28 натпревари и постигнал 3 гола.

Партизан[уреди | уреди извор]

Сезона 2015-16[уреди | уреди извор]

Јевтовиќ на 3 јуни 2015 година потпишал четиригодишен договор со екипата на Партизан.[8] Нему му бил доделен дресот со број 21, кој претходно го носел Саша Марковиќ кој настапувал на истата позиција на која настапува Јевтовиќ. Стилот на игра на Јевтовиќ потсетувал на поранешниот играч на Партизан, Радосав Петровиќ и многумина го споредувале со него.[9] Својот прв официјален натпревар за составот на Партизан го имал на 14 јули 2015 година, против клубот на Дила Гори во првиот натпревар од второто коло за квалификациите од Лигата на шампионите на УЕФА. Јевтовиќ својот прв натпревар во лигата го имал на 17 јули 2015 година против составот на Металац во победата од 4:0 на домашен терен.[10] Го постигнал израмнувачкиот гол против екипата на Стеауа од Букурешт во квалификациите за третото коло за Лигата на шампионите на УЕФА во победата на домашен терен со резултат од 4:2.[11] Јевтовиќ бил исклучен на 18 август 2015 година во судиското надополнување на првото полувреме на Борисов Арената,во плеј-оф натпреварот од Лигата на шампионите на УЕФА против домашниот состав на БАТЕ од Борисов.[12] Тој одиграл пет натпревари во групната фаза на УЕФА Лига Европа 2015-16, и тоа против екипите на Атлетик Билбао, АЗ Алкмар и Аугсбург. Марко ги одиграл најголемиот дел од натпреварите за неговиот тим во првиот дел од сезоната 2015-16, но во вториот дел од сезоната под водство на новоименуваниот тренер, Иван Томиќ, натпреварите ги минал на клупата. Јевтовиќ му помогнал на тимот на Партизан да го освои Купот на Србија 2015-16.[13]

Сезона 2016-17[уреди | уреди извор]

На почетокот на сезоната 2016-17, тој не бил запишан во протоколот на неколку натпревари. Јевтовиќ го одиграл својот прв натпревар во новата сезона дури на 11 септември кога асистирал во победата со 2:0 на гостински терен во лигата над екипата на Борац од Чачак.[14] Ги одиграл најголемиот дел од натпреварите на неговиот тим во првиот дел од сезоната 2016-17. На 13 април, Јевтовиќ го постигнал својот прв гол за екипата на Партизан во Суперлигата, во победата со 3:1 на гостински терен, над неговиот поранешен клуб, екипата на Нови Пазар.[15] На 21 мај, го постигнал својот втор гол во сезоната, во победата од 5:0 на домашен терен над составот на Младост од Лучани. Тој му помогнал на клубот Партизан да ја освои 27-та титула.[16] [17]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Јевтовиќ бил повикан во јануари 2017 година од страна на селекторот Славољуб Муслин во репрезентацијата на Србија.[18] На 29 јануари 2017 година, Јевтовиќ го одиграл својот прв натпревар за фудбалската репрезентација на Србија во пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Натпреварот завршил со резултат од 0:0 и тоа на гостински терен во градот Сан Диего.[19] Во месец мај 2018 година, Јевтовиќ бил изоставен од 23-члениот тим на Србија за Светското првенство во 2018 во Русија.[20]

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Постариот брат на Марко, Лука, е новинар и специјалист за фудбалска анализа, кој работи за Радио телевизија на Србија.[21]

Признанија[уреди | уреди извор]

Партизан

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Marko Jevtović“. srbijafudbal.net (Serbian). Посетено на 25 April 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Hajduk sve jači!“. sportske.net (Serbian). 13 January 2013. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 25 April 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „Devet 'Hajduka' za 'Novi' Pazar!“. sportske.net (Serbian). 4 August 2013. Архивирано од изворникот на 2017-09-26. Посетено на 25 April 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. Jevtović ukrasio slavlje Архивирано на 26 јануари 2022 г.[мртва врска] at fknovipazar.rs, 29-9-2014
  5. NOVOPAZARSKI RONALDO: Pogledajte gol kola, možda i polusezone u srpskom fudbalu! (VIDEO) at telegraf.rs, 30-9-2014
  6. Zvezdin crni pazar: Umesto bodova crveno-beli brojali promašaje i prvi put izgubili od Plavih! (VIDEO) at mozzartsport.com, 4-4-2015
  7. „U Subotici penal u 94, protest, tuča...“. mondo.rs (Serbian). 13 May 2015. Архивирано од изворникот на 2017-04-06. Посетено на 24 August 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „Јевтовић потписао четворогодишњи уговор: Играње у Партизану част и обавеза!“. Sportski žurnal (Serbian). 4 June 2015. Посетено на 4 June 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. „Novi Raća Petrović stigao u Humsku: Šutiraću penal koji će nas odvesti u Ligu šampiona“. mozzartsport.com (Serbian). 4 June 2015. Посетено на 9 August 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „Partizan – Metalac 4:0 (3:0)“. FK Partizan.rs (Serbian). 17 July 2015. Посетено на 17 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  11. „Preokret Partizana za plej-of i Evropu!“. b92.net (Serbian). 5 August 2015. Посетено на 9 August 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  12. „Da li je Jevtović dobio prestrogo drugi žuti karton? (VIDEO)“. telegraf.rs (Serbian). 18 August 2015. Посетено на 27 August 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  13. „Kup je naš!“ (Serbian). partizan.rs. 11 May 2016. Посетено на 14 September 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  14. „MAT U TRI MINUTA Miletić i Mihajlović vodili Partizan do pobede u Čačku“ (Serbian). alo.rs. 11 September 2016. Посетено на 25 May 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  15. „Partizan po navici - "iz keca u dva" (Serbian). mondo.rs. 13 April 2017. Архивирано од изворникот на 2017-09-05. Посетено на 25 May 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  16. „Partizan "petardom" do 27. titule!“ (Serbian). B92. 21 May 2017. Посетено на 25 May 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  17. „Sve je sam uradio - Jevtović, bomba! (VIDEO)“ (Serbian). mondo.rs. 21 May 2017. Архивирано од изворникот на 2017-07-26. Посетено на 25 May 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  18. „Селектор Славољуб Муслин позвао 18 играча за дуел против САД у Сан Дијегу, 29. јануара“. Football Association of Serbia (Serbian). 17 January 2017. Посетено на 17 January 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  19. „Remi Srbije sa SAD, superligaši položili test“. B92 (Serbian). 29 January 2017. Посетено на 30 January 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  20. Kulaš, Damir (22 May 2018). „Krstajić – Who will make Serbia's World Cup squad?“. Futbolgrad. Посетено на 30 March 2019.
  21. „Lukine analize Mundijala su osveženje kakvo smo godinama čekali“. noizz.rs (Serbian). 3 July 2018. Посетено на 3 July 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]