Маркова Куќа (Татомир)

Координати: 42°02′01″N 21°59′52″E / 42.03361° СГШ; 21.99778° ИГД / 42.03361; 21.99778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Маркова Куќа


Местоположба 42°02′01″N 21°59′52″E / 42.03361° СГШ; 21.99778° ИГД / 42.03361; 21.99778
Основни податоци
Место Татомир
Општина Кратово
Тип



Период среден век
Портал „Археологија“

Маркова Куќаархеолошко наоѓалиште во кратовското село Татомир. Претставува средновековна ќелија. Според податоците добиени од Ѓорѓи Петковски од селото, кој денес живее во Куманово, во коритото на Крива Река и погоре од Кратовски мост има стрмна карпа што се издига над реката. Во карпата имало издлабена ќелија со два влеза и обликувано седало. Високо над карпата, во 1940 година жителите раскопале гроб ѕидан од камен и цврст бел малтер, во кој биле најдени само коски од умрениот.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија (PDF). II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 188. ISBN 9989649286.