Маркетинг на содржина
Изглед
Маркетинг на содржина или контент маркетинг (англиски: content marketing) — техника на создавање и дистрибуција на содржина, чија цел е да остави впечаток и да создаде вредност кај целната онлајн публика.[1] Овој маркетинг е насочен кон создавање комуникација со клиентите и градење на долгорочна доверба. Преку содржината се пренесуваат битни информации до потенцијалните потрошувачи кои добиваат јасна слика за производот.
Одлики на маркетингот на содржина
[уреди | уреди извор]Главна одлика на овој тип на маркетинг е неговата ненаметлива комуникација со потенцијалните потрошувачи, чија цел е да ги информира и образува за да го доближи производот/услугата поблиску до нив.
Други, основни одлики на маркетингот на содржина се:
- детално познавање на целната онлајн публика
- начин на стигнување до целната публика
- комуникација со целната публика која не е фокусирана на дирекна продажба
- комуникација со публиката
- создавање на квалитетна содржина
- континуирана дистрибуција на содржината
- активирање на публиката
Содржина
[уреди | уреди извор]Содржината може да биде сè:
- блог постови
- влогови
- слики
- видеа
- аудио презентација
- презентации
- инфографици
- електронски книги
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Wainwright, Corey. „Content Marketing Strategy: A Comprehensive Guide for Modern Marketers“. Hubspot.