Мари де Франс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мари де Франс
Marie de France 1.tif
Мари де Франс
Роден/а Нормандија
Националност Французинка
Период Среден век
Жанр Лаи, басни, хагиографии

Мари де Франс е средновековен поет којa веројатно била родена во Франција и живеела во Англија за време на доцниот 12 век. Таа живеела и пишувала во непознат кралски двор, но речиси сигурно беше барем позната во кралскиот двор на кралот Хенри II од Англија. Скоро ништо не се знае за нејзиниот живот; и нејзиното име и нејзината географска спецификација доаѓаат од нејзините ракописи.

Мари де Франс пишувала на еден вид на Англо-Нормански француски јазик, и беше очигледно умешна и на латински и англиски јазик. Нејзините Лаи особено се уште широко се читаат, и влијаеле на понатамошниот развој на жанрот романса.

Лаите на Марија де Франс, имале огромно влијание врз книжевниот свет.[1] Тие биле сметани за еден нов вид на литературна техника добиена од класичната реторика и задоена со такви детали што станала нова форма на уметност.[2]

Нејзините лаи не само што прикажуваат мрачен поглед на љубовта, тие исто така, се спротивставија на традициите на љубовта во рамките на Црквата во тоа време. Таа пишувала за афери, познати жени кои заведувале други мажи, жени кои сакале да избегаат од безљубовен брак, со што ја истакнала идејата дека жените можат да имаат сексуална слобода. Нејзините лаи исто така прикажуваат силна женска улога и моќ.[3]

Поддршката за таквите мисли во 12 век е можеби извонредна. "Тоа секако не потсетува дека луѓето во средниот век биле свесни за социјалните неправди и не ги само прифаќале угнетувачките услови како неизбежни, според волјата на Бог."[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Burgess, Glyn S., and Busby, Keith, 1986, p 11: "[A twelfth century poet-contemporary of Marie wrote:] Marie's poetry has caused great praise to be heaped on her and it is much appreciated by counts and barons and knights who love to have her writings read out again and again."
  2. Whalen, Logan E, p 63
  3. Butterfield, Ardis, 2009, p 200.
  4. Steinberg, Theodore L. Reading the Middle Ages: an Introduction to Medieval Literature.Jefferson: McFarland, 2003. Print, p 58.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Викиизвор
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија: