Марија Штериова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марија Штериова
Лични податоци
Име и презиме Марија Штериова
Роден(а) 19 март 1991(1991-03-19)(33 г.)
Македонија
Националност Македонка
Спорт Ракомет
Висина 1.78 м (5 ст 10 ин)
Тежина 67 Кг.
Позиција Лев Бек
Клупски податоци
Тековен клуб Турција ЖРК Кастамону
Број 99
Сениорски клубови
2001–2004
2004–2006
2006–2008
2008–2011
2011–2012
2012–2014
2014–2015
2015
2015–2016
2016–
Македонија Еуростандард ЃП
Македонија Еуролинк ЃП
Македонија Еуростандард ЃП
Македонија Кометал ЃП
Македонија Жито Прилеп
Македонија ЖРК Вардар
Унгарија ЖРК ВАЦ
Унгарија ЖРК Фехевар
Норвешка ЖРК Волда Драмен
Турција ЖРК Кастамону
Репрезентација
  Македонија Македонија

Марија Штериовамакедонска ракометарка. Започнала да игра ракомет на 9 годишна возраст во своето основно училиште. По една година преминала во младинскиот тим на РК Еуростандард кај тренерот Боби Стефковски, во кој играла 3 години (од 2001–2004).

Од 2004–2006 година игра за младинскиот тим на РК Еуролинк кај тренерот Дарко Панов, од кој за една сезона преминува во првиот тим на овој клуб.

Од 2006–2008 година игра за сениорскиот тим на РК Еуростандард ЃП кај тренерот Владимир Радиќ. Поради добрата игра потпишува договор на 4 години со РК Кометал Ѓорче Петров, но поради лошата финансиска состојба, клубот се распаѓа и во 2011 година, таа потпишува договор со РК Жито Прилеп каде што игра една година.

Има завршено спортска гимназија. Со сениорската репрезентација на Македонија настапи на ЕП 2012 во Србија.

Во летото 2016 година, Штериова потпишала за турскиот клуб ЖРК Кастамону.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]