Марија Чудновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марија Чудновски
MariaChudnovsky2011.jpg
Чудновски во 2011.
Роден6 јануари 1977
ЖивеалиштеСАД
НационалностИзраелка-Американка
ПолињаМатематика
УстановиПринстон универзитет
ОбразованиеИзраелски институт за технологија,
Принстон универзитет
Теза„Берге триграфиците и нивната апликација.“ (2005)
Докторски менторПол Сејмур
Познат поТеорија на графици,
Комбинаторска оптимизација

Марија Чудновски (родена на 6 јануари 1977 година) е израелско-американска математичарка, која работи на теоријата на графици и комбинаторната оптимизација.[1] Таа е МекАртур соработник за 2012 година.[2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Чудновски е професорка, на одделот за математика на Принстон универзитетот. Таа пораснала во Русија (го посетувала Санкт Петербург Лицеум 30) и Израел, студирала на Технион,[3] докторирала во 2003 година на Принстон универзитетот, под надзор на Пол Сејмур.[4] По постдокторско истражување на математичкиот институтот Клеј,[3] станала асистент професор на Принстон универзитетот во 2005 година, а во 2006 година се преселила на Колумбија универзитетот. До 2014 година, таа била Лиу Фемили професор по индустриско инженерство и операциски истражувања во Колумбија. Таа се враќа во Принстон како професор по математика во 2015 година.[1]

Таа е државјанин на Израел и постојан резидент на САД.[1]

Во 2012 година, таа се омажила за Дениел Панер, свирач на виола, кој предавал на Манес училиштето за музика и Џулијард училиштето. Имаат син кој се вика Рафаел.[5]

Истражување[уреди | уреди извор]

Надворешни видеоснимки
Mathematician Maria Chudnovsky: 2012 MacArthur Fellow, MacArthur Foundation[6]

Придонесите на Чудновски во теоријата на графици го вклучуваат доказот за моќната совршена теорема на графиците (со Робертсон, Сејмур и Томас), кој ја опишува карактеристичната природа на совршените графици, како да се точно графици без непарни индуцирани циклуси со должина од најмалку 5 или нивните комплементи.[7][8][9] Други истражувачки придонеси на Чудновски вклучуваат ко-авторство на првиот полиномски временски алгоритам за препознавање на совршените графици (степен 9),[10] како и структурната карактеризација на графиците без канџи.[11]

Одбрани публикации[уреди | уреди извор]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Во 2004 година Чудновски била прогласен за една од "Брилијантните 10" од страна на магазинот Популарна наука.[12] За нејзината работа на моќната совршена теорема на графиците, на неа и на нејзините ко-автори, и ја донело Фулкерсон наградата за 2009 година.[13] Во 2012 година била наградена со "наградата геније" во рамките на програмата МекАртур соработници.[14][15]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Maria Chudnovsky Curriculum Vitae“ (PDF). Princeton University. конс. 25 May 2015. 
  2. „2012 MacArthur Foundation 'Genius Grant' Winners“. 1 October 2012. AP. конс. 1 October 2012. 
  3. 3,0 3,1 Interview with Research Fellow Maria Chudnovsky (PDF), Clay Mathematics Institute, 2005 .
  4. Maria ChudnovskyПроект „Математичко родословие“ (англиски)
  5. „Striking While the Iron Is Hot - NYTimes.com“. mobile.nytimes.com. конс. 2016-02-03. 
  6. „Maria Chudnovsky“. MacArthur Fellows Program. MacArthur Foundation. October 2, 2012. конс. December 13, 2014. 
  7. Mackenzie, Dana (July 5, 2002), „Mathematics: Graph theory uncovers the roots of perfection“, Science 297 (5578): 38, PMID 12098683, doi:10.1126/science.297.5578.38 .
  8. Cornuéjols, Gérard (2002), „The strong perfect graph conjecture“, Proceedings of the International Congress of Mathematicians, Vol. III (Beijing, 2002) (PDF), Beijing: Higher Ed. Press, стр. 547–559, MR 1957560 .
  9. Roussel, F.; Rusu, I.; Thuillier, H. (2009), „The strong perfect graph conjecture: 40 years of attempts, and its resolution“, Discrete Mathematics 309 (20): 6092–6113, MR 2552645, doi:10.1016/j.disc.2009.05.024 .
  10. Chudnovsky и др. (2005).
  11. Chudnovsky & Seymour (2005).
  12. Minkel, J. R. (June 29, 2004), „Maria Chudnovsky“, Popular Science 
  13. „2009 Fulkerson Prizes“ (PDF), Notices of the American Mathematical Society, December 2011: 1475–1476 .
  14. Lee, Felicia R. (October 1, 2012), „Surprise Grants Transforming 23 More Lives“, New York Times 
  15. Maria Chudnovsky, MacArthur Foundation, October 2, 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]