Марија Овсијанкина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марија Овсијанкина
Роден(а)3ти Мај 1898
Чита, Забајкалски Крај, Руска Империја
Починал(а)28ми Септември 1993
Беркли, Калифорнија
НационалностРусинка
ЗанимањеПсихолог
Познат(а) поОвсијанкина ефектот

Марија Арсењевна Рикерс-Овсијанкина (1898–1993) била руско-германско-американски психолог. Таа проучувала една варијација на Зејгарник ефектот, сега познатa како Овсијанкина ефектот. Овсијанкина работела на различни психолошки работи, вклучително и работа со пациенти со шизофренија. Таа пишувала книги за психолошко тестирање.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Овсијанкина е родена во Чита, Руската империја, во 1898 година. Нејзиното семејство и го дале прекарот Марика. Нејзиниот татко ја основал првата руско-азиска банка и бил сопственик на рудник за јаглен. По Руската револуција, таа емигрирала во Берлин поради политичките пресврти во нејзината држава. Во тоа време исто така било вообичаено богатите родители да ги испраќаат своите деца во странство да студираат. Овсијанкина студирала измислени ликови во фикциски приказни според нивниот карактер и сакала да ја проучува оваа тема повеќе на универзитет. Поради тоа што не била достапна таква програма, таа студирала психологија на личноста на Психолошкиот институт на Универзитетот во Берлин. Додека студирала на универзитетот, Овсијанкина била подучена од Курт Левин. Нејзините соученици биле сега познатите психолози Тамара Дембо, Гита Биренбаум и Блума Зејгарник. Докторирала на Универзитетот во Гисен во 1928 година, со тоа што нејзината теза фокусирала на тоа како луѓето постапуваат кога ќе бидат прекинати во завршувањето на одредена задача, овој феномен подоцна беше наречен Овсијанкина ефектот.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Откога Овсијанкина ги завршила постдипломските студии, неколку години работела на различни позиции поврзани со психологијата во Германија. Работела како истражувач, асистент за предавања, советник и во затвор. Сите тие работни места ја направиле да се чувствува неисполнето и се преселила во Соединетите Држави во 1938 година, каде повторно ја запознала Дембо, а исто така се запознала и со европскиот психолог Еугенија Ханфман, која исто така била ученичка на Левин. Работеле заедно во државната болница Ворчестер во Масачусетс, каде Овсијанкина започнала да работи со пациенти со шизофренија и многумина од нив ги сметала за блиски пријатели. Во 1935 година, таа започнала да работи на колеџот Витон како наставник по психологија, работела 14 години на оваа позиција. Во 1949 година, таа ја развила и раководела програмата за клиничка обука на Универзитетот во Конектикат. Овсијанкина била заинтересирана за психолошкото тестирање, вклучувајќи го и Роршах тестот, и напишала книги за тие тестови. Таа исто така предавала на колеџот Маунт Хољок, Универзитетот во Орегон, Универзитетот Корнел, Универзитетот Харвард и Североисточниот универзитет.[1]

Овсијанкина ефект[уреди | уреди извор]

Во 1928 година, Овсијанкина проучувала една варијација на Зејгарник ефектот, позната сега како Овсијанкина ефектот.[1] Според Зејгарник ефектот, луѓето повеќе ги паметат недовршените или прекинатите задачи отколку завршените задачи.[2] За време на тестот, Овсијанкина на испитаниците им дала задачи кои требало да ги завршат и ги оставила сами во просторија за да може да ги проучува додека учесниците повторно почнале да работат на задачата. Нејзиниот пристап кон истражувањето за претходениот ефект покажал „дека за ефектот Зејгарник не е одговорен прекинот на дејството само по себе. Одредувачкиот фактор е психолошката ситуација како што е перцепирана од страна на поединецот; т.е. дали целта (на пр., правилно да се изврши задачата) се смета дека е постигната или не.“[3] Ефектот Овсијанкина, исто така, „покажал дека прекинатите задачи речиси секогаш се продолжуваат“.[4]

Подоцнежен живот и смрт[уреди | уреди извор]

Овсијанкина се пензионирала во 1965 година и се преселила во Калифорнија, каде што предавала курсеви на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Таа починала во 1993 година и била погребана во Германија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Maria Rickers-Ovsiankina“. Psychology's Feminist Voices. Архивирано од изворникот на 2020-02-18. Посетено на 2 August 2020.
  2. „The Zeigarnik Effect Explained“. Psychologist World. Посетено на 2 August 2020.
  3. Jutta Heckhausen; Heinz Heckhausen (27 March 2018). Motivation and Action. Springer International Publishing. стр. 175. ISBN 978-3-319-65094-4.
  4. Marvin R. Weisbord (1 February 2004). Productive Workplaces Revisited: Dignity, Meaning, and Community in the 21st Century. John Wiley & Sons. стр. 85. ISBN 978-0-7879-7329-2.