Марија Исабел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шпанија Марија Исабел
Родено имеМарија Исабел Лопес Родригес
Роден(а)4 јануари 1995
ПотеклоАјамонте, Шпанија
Жанровипоп, латино поп, електропоп
ЗанимањаПејачка
Период на активност2004-
Мреж. местоОфицијалeн сајт

Марија Исабел Лопес Родригес (родена на 4 јануари 1995 во Ајамонте) позната само како Марија Исабел е шпанска пејачка, актерка и модел.

Таа е победничка на Детскиот избор за песна на Евровизије 2004 со песната Antes Muerta que Sencilla (превод на мак. Подобро мртва, отколку обична).[1][2][3]

Биографија[уреди | уреди извор]

Марија е родена на 4 јануари 1995 во Ајамонте во Шпанија. Уште како дете покажала големо интересирање за танцувањ и пеење. Во 2004 година настапила на шпанскиот избор за претставник на Детскиот избор за песна на Евровизије 2004 и победила со синглот Antes muerta que sencilla. Со истата песна се претставила на Детската Евровизије каде исто така победила притоа поставувајќи два рекорда; најмногу освоени поени на ова натпреварување (171 поен) и најголема бодовна разлика измеѓу првопласираниот и второпласираниот (31 поен). Таа година на изборот имало најголем број на учесници, 18. Нејзините рекорди подоцна биле скршени од Анастасија Петрик (најголема бодовна разлика измеѓу првопласираниот и второпласираниот) и Дестини Чукунјере (најголем број освоени бодови во ова натпреварување) и тоа двете а само 4 поена.

За време на шоуто имала 9 години, 10 месеци и 6 дена, и со тоа станала најмлад победник на Детската Евровизија (Сестрите Толмачеви биле постари само 10 дена). Три години подоцна, во 2007 на сила е донесено правилото учесници да мора да имаат меѓу 10 и 15 години, со што останува најмлад победник во историјата на ова натпреварување.

Нејзиниот победнички сингл станал хит во Шпанија, а успех доживеал и во земјите од Латинска Америка; Аргентина, Колумбија, Порторико и други.

На 29 декември 2015, Марија Исабел била најавена како една од 6-те кандидата за избор на представник на Шпанија на Евровизија 2016. Таа се претставила со песната La vida sólo es una (превод на мак. Животот е еден) заземајќи го 4-тото место со освоени 68 поени.[4]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

  • 2004: No Me Toques Las Palmas Que Me Conozco
  • 2005: Numero 2
  • 2006: Caprricornio
  • 2007: Angeles S.A.
  • 2009: Los Lunnis con María Isabel
  • 2015: Yo Decido

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Caballero, Javier. „La "sencilla" vida de María Isabel“, „El Mundo magazine“, Mundinteractivos, S.A, 18 декември 2005 (посет. 13 август 2010 г). (на Spanish)
  2. „History : Kyiv 2009“. Junior Eurovision Song Contest. конс. 13 August 2010. 
  3. Staff. „María Isabel vuelve a España como ganadora del Festival de Eurovisión para niños“, „ELPAÍS.com“, Edicíones El País, 22 ноември 2004 (посет. 13 август 2010 г). (на Spanish)
  4. „Aspirantes Eurovisión 2016: María Isabel quiere regresar a Eurovisión, ¡es una de las #AspirantesEurovision!“. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]