Марија Дејфен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Марија Дејфен (родена 1975 година)[1] - шведска математичарка позната по своето истражување на случајни графови и стохастички процеси на графови, вклучувајќи го и Reed–Frost моделот на епидемии. Таа е професор по математика на Универзитетот во Стокхолм.

Образование и кариера[уреди | уреди извор]

Дејфен се школувала на Универзитетот во Стокхолм, стекнувајќи се со лиценца во 2001 година, а докторат во 2004 година, и хабилитација во 2008 година [2] Нејзината докторска дисертација, Стохастички модели за просторни раст и конкуренција, бил надгледуван од Оле Хагстром.[3]

По завршувањето на докторатот, таа станала постдокторски истражувач на Институтот Митаг-Лефлер, Универзитет Врије Амстердам, Универзитет Чалмерс и Технолошки универзитет Делфт пред да се врати во Стокхолм како помлад член на факултет во 2006. Таа била унапредена во редовен професор по математичка статистика во 2015.[2]

Признание[уреди | уреди извор]

Дејфен била еден од добитниците во 2018 година на Пол Р. Халмос - Лестер Р. Форд наградата на Математичката асоцијација на Америка за нејзиниот труд со Александар Е. Холројд и Џејмс Б. Мартин, „Пријателски жаби, стабилен брак и магијата на Инваријантност“, користејќи комбинаторна теорија на игри за да се анализира проблемот со стабилни парови (SMP).[4]

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. Birth year from VIAF authority control record, retrieved 2020-08-06
  2. 2,0 2,1 Curriculum vitae (PDF), May 2019, Посетено на 2020-08-06
  3. Марија Дејфен at the Mathematics Genealogy Project
  4. Paul R. Halmos – Lester R. Ford Awards, Mathematical Association of America, Посетено на 2020-08-06; see also "Friendly Frogs, Stable Marriage, and the Magic of Invariance" on the MAA web site

Надворешни врски[уреди | уреди извор]