Прејди на содржината

Марија Андреева

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марија (Накова) Јованова Андреева ( 1883 во Велес — во Велес) — учесник во НОВ на Македонија, мајка на револуционерот Бане Андреев.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Учествувала вo НОД од април 1941 година. За време на окупацијата на Македонија, живеела во Скопје. Чувала илегалци - познати партиски раководители. За време на одржувањето на состаноците во нејзиниот дом чувала стража. По барање на партиската организација оди во Охрид и интеревенирала кај некои граѓани да покренат акција за спасување на Лазар Колишевски. Во текот на 1943 година била испратена во Битола да го посети својот син Бане Андреев и да му пренесе некои пораки од организацијата во Скопје.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 976.