Марија Амниска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марија
Византиска царица
Полно име Марија Амниска
Роден(а) околу 770
Родно место Амнија, Пафлагонија
Починал(а) по 823
Придружник на Константин VI Слепиот
Деца Ефросина
Ирина
Династија Сириска династија
Мајка Хипатија

Марија (околу 770 - по 823) била византиска царица, прва жена на царот Константин VI Слепиот. Марија била родена во градот Амнија, област Пафлагонија. Името на нејзиниот татко е непознато, а за нејзината мајка се знае дека се викала Хипатија и била внука Свети Филарет.

Во 788 година Марија била избрана за жена на Константин VI од неговата мајка Ирина. Свадбата била направена во ноември 788 година. Марија и Константин VI имале две ќерки:

Во 794 година Константон VI се вљубил во Теодота, дворската дама на Ирина. Во јануари 795 бракот на царот и Марија Амниска бил поништен, а веќе поранешната царицата и нејзините ќерки биле испратени во манастир на остров Принкипо. Во септември 795, Константин VI се оженил за Теодора. Според Теофан Исповедник, причина за неуспешниот брак на Марија и Константин VI била Ирина. Можно е причина за тоа да бил фактот што за шест години брак со Константин, Марија не успеала да му роди машки наследник.

Марија останала калуѓерка до крајот на својот живот. Името на Марија Амниска се споменува за последен пат во 823 година, кога нејзината ќерка Ефросина била повикана од манастирот за да биде омажена за император Михаил II. Марија била против овој брак, но на нејзините жалби не било обрнато внимание. Годината на нејзината смрт е непозната.

Нaдворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Ирина
Византиска царица
788–795
Наследник
Теодота