Марија Џиџева

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марија Џиџева е македонска режисерка.

Биографија[уреди | уреди извор]

Марија Џиџева е родена на 24 декември 1970 година во Гевгелија. Таа е препознатлива по своите филмски дела од различни жанрови и тематика – пред сè, документарци, но и играни филмови. Документарните филмови „МисАмнезија“, „Барајќи си ја среќата“, „Некои други приказни“, „Списокот на Тони Манџа“, играниот филм „Втора шанса“,„Ти си жива“ се нејзини дела.[1]

Џиџева е фокусирана и на едукација на младите за филмска уметност. Таа беше една од менторките на 9 Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“, а во Кинотеката го води проектот „Филмска училница“.

Наводи[уреди | уреди извор]