Марија Јохана Герц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марија Јохана Герц

Марија Јохана Герц, позната и како Жанет Герц, (1783–1853), била шведска уметница, сликарка на мртва природа и цртачка. Била членка на Кралската академија на ликовните уметности.

Родена како ќерка на пехарникот на Јохан Хиндрик Герц. На изложбата на Академијата за уметности во 1803 година, Марија Јохана Герц изложила неколку цртежи на птици и цвеќиња. Нејзината работа ја импресионирала Академијата, која и испратила писмо со благодарност и охрабрување. Откако учествувала на друга изложба од 1804 година, таа била избрана во Академијата. Во 1805 година, таа имала трета изложба за која многу се зборувало. Герц продолжила како многу активна уметница и учествувала на многу изложби помеѓу 1803 и 1826 година. Една од нејзините слики на кои најмногу и се восхитуваа била од мртви птици.

Наводи[уреди | уреди извор]