Марица Косановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марица Косановиќ
Родена 1858
Смиљан, Австроунгарија
Починала 27 октомври 1938
Загреб, Кралство Југославија

Марица КосановиЌ, родена Тесла (Смиљан, 1858 - Загреб 1938), полиглот и публицист, сестра на Никола Тесла и мајка на Сава Косановиќ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Марица Косановиќ, моминско Тесла родена е во 1858 година во Смиљан од мајка Георгина-Ѓука Мандиќ и татко Милутин Тесла, православен свештеник, кој во Плашко завршил Богословија. Се омажила за плашчанскиот прота Никола Косановиќ Николадин со кој родила четири сина. Останала вдовица во 41 година и сама ги подигнала децата. Успеала на синовите да им обезбеди високо образование, но се трудела и таа да стекне што поголемо образование, што во таа срединиа во тоа време било реткост за жена. Совршено зборувала француски, италијански, германски и чешки. Знаела околу 60.000 стихови од различни светски книжевности. Со години саработувала во листовите на Србобран, Бранко и -{Budapester Tagblam}-. Во интезивно допишување со братот Никола искажувала извонредна сестринска љубов како и убавината и богатството на краинскиот ијекавски јазик. Го застапувала братот Никола на свечаната академија, која била одржана на 28. 05. 1936 година на Коларчевиот универзитет во Белград по повод неговиот осумдесетти роденден. За марициниот син Драгиша се знае само дека бил австроунгарски полковник, а за Љубиша дека бил економист. Милутин е роден во 1890 године, а 1941 године загинал во Сараево за време на бомбардирањето каде бил распореден како резерен санитетски капетан. Неколку години како хирург и началник на хирургија работел во огулинската болница, а подоцна во Загреб. Во народот останал запаметен како многу хуман лекар. Имал обичај помалите операции да ги изведува за сиромашните граѓани, да не би плаќале лекарски трошоци, во нивните куќи, ги посетувал и им правел преврски. Многу бргу дејствувал во случај на епидемија. Кога сретнувал трудница ја советувал да оди во болница за породување, затоа што имало случаи на породилки кои умирале. Сава е роден на 29 мај во 1894 година, а починал во Белград на 15 септември 1956 година. Завршил правен факултет во Будимпешта. Бил политичар, публицист и дипломат, голем патриот и антифашист. Ниту еден од синовите не се оженил, па оваа семејство останало без потомци. Марица починала на 27 октомври 1938 година во својата осумдесета година. Погребана е во Загреб на 29 октомври 1938 година.

Од сите сестри и роднини Никола најмногу се допишувал со Марица. Во едно од писмата, сестра му му напишала: "Во Плашко на 25.6.1894 ... За овие неколку години од како ти го прослави, потскокна Српството во цена пред странските народи, а и Хрватите мораат да вовлекуваат рогови во се. Секако не смеат да ти кажат повеќе дека си Хрват, туку секаде велат, "наш поносен, наш голем земјак."..." ("У Плашком 25.6.1894. ... За ово неколико година од како га ти прослави, поскочило је Српство у цијени пред странијем народима, а и Хрвати морају увлачити роге у се. Свакако не смију ти рећи више да си Хрват, него свуда веле, "наш дични, наш велики земљак."...") [1] .

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тесла, Никола (2013). Никола Тесла, преписка са родбином, стр. 82. Нови Сад: Академска књига.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Плашчанска долина, ауторско издање Милана Воркапића