Прејди на содржината

Марио Станиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марио Станиќ
Лични податоци
Роден на 10 април 1972(1972-04-10)(54 г.)
Роден во Сараево, СФРЈ
Држава Југославија Југославија
Хрватска Хрватска (од 1991)
Висина &100000000000001870000001,87 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2004 (32 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988-1992 Железничар Железничар 77 (12)
1992-1993 ХАШК Граѓански ХАШК Граѓански 26 (11)
1993-1994 Спортинг Хихон Спортинг Хихон 34 (7)
1994-1995 Бенфика Бенфика 14 (5)
1995-1996 Клуб Бриж Клуб Бриж 37 (27)
1996-2000 Парма Парма 77 (19)
2000-2004 Челси Челси 59 (7)
Репрезентација
1991 Југославија Југославија 2 (0)
1993 Хрватска Хрватска 21 2 (1)
1995-2003 Хрватска Хрватска 49 (7)
Раководител на екипите
2023- Шахтар Донецк Шахтар Донецк     (Асистент)

Марио Станиќ (роден на 10 април 1972 година, во Сараево) — хрватски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Во моментов е асистент на Марино Пушиќ во Шахтар Донецк.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден е во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, во етничко хрватско семејство.[1]

По завршувањето на играчката кариера, работел едно време како водител на ТВ емисијата наречена „(Ne)uspjeh prvaka s Marijom Stanicem“, интервјуирајќи многу познати личности на Балканот од светот на фудбалот како: Дарио Срна, Немања Матиќ, Александар Чеферин, Горан Пандев и Мирослав „Чиро“ Блажевиќ.[2]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Тактички разноврсен елемент, кој играл на различни позиции како десно крило, офанзивен играч за врска или втор напаѓач.[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Железничар и Динамо Загреб

[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал и израснал во екипата на Железничар од Сараево каде одиграл четири сезони во југословенското првенство во периодот 1988-1992, но по избувнувањето на војната се преселил во Хрватска, каде го носел дресот на Динамо Загреб (тогаш познат под името ХАШК Граѓански).[3] Во единствената сезона со клубот тој го освоил хрватското првенство за кое придонел со 11 гола.

Спортинг Хихон и Бенфика

[уреди | уреди извор]

Пред почетокот на сезоната 1993-1994, Станиќ заедно со својот сонародник Даниел Шариќ потпишале за шпанскиот клуб Спортинг Хихон. Својот прв гол во шпанската Примера Дивисион го постигнал во домашната победа со 2-0 над Рајо Ваљекано на 24 октомври 1993.[4] По позитивната сезона со Спортинг Хихон во која забележал 37 настапи и 7 гола, Станиќ потпишал за Бенфика, но во славниот португалски клуб не успеал да се наметне забележувајќи само 16 настапи и 5 гола.

Клуб Бриж

[уреди | уреди извор]

Во 1995 година, тој бил купен од Клуб Бриж. Играјќи како центарфор, тој ја завршил сезоната 1995-1996 како најдобар стрелец во белгиското првенство, постигнувајќи 20 гола, со што заработил стартно место и во хрватската репрезентација на Европското првенство 1996 година. Во една сезона и половина колку што го носел дресот на Клуб Бриж тој освоил три трофеи: првенството, купот и суперкупот на Белгија.

Во следната сезона, тој бил купен од Парма за 8 милијарди лири,[5] каде останал од ноември 1996 година до јуни 2000 година. Настапувајќи наизменично како десно крило и како централен напаѓач, тој одиграл вкупно 77 натпревари, постигнувајќи 19 гола, од кои првиот бил против Милан на 22 декември 1996 година, единствениот во натпреварот со кој Парма остварила победа од 1-0 на Сан Сиро.[6][7]

Тој го постигнал својот последен гол за Парма во плејофот за четвртото место против Интер во Верона, кога неговиот тим загубил со 1-3, а тој погодил со глава 10-тина минути по влегувањето за да го израмни резултатот на моментални 1-1.[6] Со млекарите тој освоил три трофеи: Купот на Италија, Купот на УЕФА (двата во сезоната 1998-1999) и Суперкупот на Италија 1999.[6] И покрај проблемите со повредите што го измачувале речиси во секоја сезона, и кои му пречат да остави поголем траг, Станиќ имал многу позитивно искуство со клубот од Емилија-Ромања во еден од најдобрите периоди во неговата историјата.

Во летото 2000 година, Станиќ ја напуштил Парма и му се приклучил на англискиот Челси за надомест од 5.6 милиони фунти.[8] Веќе во својот прв настап за „сините“ тој го освоил првиот трофеј со клубот, откако Челси го победиле Манчестер Јунајтед со 2-0 на Вембли, во натпреварот за ФА Черити Шилд трофејот.[9] На своето деби во Премиер лигата, победата со 4–2 на домашен терен против Вест Хем Јунајтед, Станиќ постигнал два гола, еден од нив со удар од преку 30 метри.[10]

По четири сезони во Челси, од кои во последната заради постојаните повреди на коленото тој забележал само 5 настапи, Станиќ ја завршил кариерата на 32-годишна возраст во летото 2004 година.[11]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

На репрезентативно ниво, тој одиграл два натпревари за Југославија пред распадот на државата во 1992 година.[6][12][13]

Од тој момент, Станиќ ја претставувал Хрватска, со која настапил на три големи натпреварувања Европското првенство 1996, Светските првенства во 1998 и 2002. На Мундијалот 1998 во Франција, со својата земја го освоил третото место,[6] играјќи во сите 7 натпревари на Хрватска (пропуштајќи само околу 10 минути во сите тие натпревари), и постигнувајќи го првиот гол на репрезентацијата на овој турнир, во победа со 3-1 над дебитантот Јамајка.[1][14]

Четири години подоцна, тој бил во составот на Хрватска и на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, каде запишал два настапи влегувајќи од клупата во минималните порази со 1-0 од Мексико и Еквадор; за разлика од успехот на претходното првенство во Франција, на овој турнир неговата репрезентација била елминирана уште во групната фаза.

Својот последен натпревар за коцкестите го одиграл на 30 април 2003 година, во пријателски натпревар добиен со 2-1 против Шведска во Солна, по што ја затворил репрезентативната кариера со 49 настапи и 7 гола.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]

Југославија

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Југославија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
16-10-1991ЛандскронаФарски Острови Фарски Острови0 – 2Југославија ЈугославијаКвал. за ЕП 1992-влегол во игра 81'
30-10-1991ВаржињаБразил Бразил3 – 1Југославија ЈугославијаПријателска-влегол во игра 77'
Вкупно Настапи 2 Голови 0

Хрватска

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Хрватска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
3-9-1995ЗагребХрватска Хрватска7 – 1Естонија ЕстонијаКвал. за ЕП 1996-
8-10-1995СплитХрватска Хрватска1 – 1Италија ИталијаКвал. за ЕП 1996-
15-11-1995ЉубљанаСловенија Словенија1 – 2Хрватска ХрватскаКвал. за ЕП 1996-добил жолт картон во 54-тата минута 54'
28-2-1996РиекаХрватска Хрватска2 – 1Полска ПолскаПријателска-заменет 61'
13-3-1996ЗагребХрватска Хрватска3 – 0Јужна Кореја Јужна КорејаПријателска-заменет 79'
10-4-1996ОсиекХрватска Хрватска4 – 1Унгарија УнгаријаПријателска1
24-4-1996ЛондонАнглија Англија0 – 0Хрватска ХрватскаПријателска-влегол во игра 46'
2-6-1996ДаблинИрска Ирска2 – 2Хрватска ХрватскаПријателска-заменет 78'
11-6-1996НотингемТурција Турција0 – 1Хрватска ХрватскаЕвро 1996 - Групна фаза-
16-6-1996ШефилдХрватска Хрватска3 – 0Данска ДанскаЕвро 1996 - Групна фаза-добил жолт картон во 20-тата минута 20'
23-6-1996МанчестерГерманија Германија2 – 1Хрватска ХрватскаЕвро 1996 - Четвртфинале-
10-11-1996ЗагребХрватска Хрватска1 – 1Грција ГрцијаКвал. за СП 1998-добил жолт картон во 25-тата минута 25'
29-10-1997ЗагребХрватска Хрватска2 – 0Украина УкраинаКвал. за СП 1998-добил жолт картон во 31-вата минута 31' заменет 59'
22-4-1998ОсиекХрватска Хрватска4 – 1Полска ПолскаПријателска2заменет 66'
3-6-1998РиекаХрватска Хрватска2 – 0Иран ИранПријателска-заменет 84'
6-6-1998ЗагребХрватска Хрватска7 – 0Австралија АвстралијаПријателска-заменет 46'
14-6-1998ЛансЈамајка Јамајка1 – 3Хрватска ХрватскаСП 1998 - Групна фаза1дет.
20-6-1998ЛансЈапонија Јапонија0 – 1Хрватска ХрватскаСП 1998 - Групна фаза-добил жолт картон во 83-тата минута 83' заменет 87'дет.
26-6-1998БордоАргентина Аргентина1 – 0Хрватска ХрватскаСП 1998 - Групна фаза-дет.
30-6-1998БордоРоманија Романија0 – 1Хрватска ХрватскаСП 1998 - Осминафинале-заменет 82'дет.
4-7-1998ЛионГерманија Германија0 – 3Хрватска ХрватскаСП 1998 - Четвртфинале-дет.
8-7-1998Сен ДениФранција Франција2 – 1Хрватска ХрватскаСП 1998 - Полуфинале-добил жолт картон во 75-тата минута 75'дет.
11-7-1998ПаризХоландија Холандија1 – 2Хрватска ХрватскаСП 1998 - натп. за 3. место-добил жолт картон во 74-тата минута 74'дет.
5-9-1998ДаблинИрска Ирска2 – 0Хрватска ХрватскаКвал. за ЕП 2000-Yellow cardYellow cardRed card 65', 69'
14-10-1998ЗагребХрватска Хрватска3 – 2Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2000-заменет 79'
10-2-1999СплитХрватска Хрватска0 – 1Данска ДанскаПријателска-заменет 46'
28-4-1999ЗагребХрватска Хрватска0 – 0Италија ИталијаПријателска-заменет 69'
18-8-1999БелградСР Југославија СР Југославија0 – 0Хрватска ХрватскаКвал. за ЕП 2000-заменет 46'
21-8-1999ЗагребХрватска Хрватска2 – 1Малта МалтаКвал. за ЕП 20001заменет 46'
4-9-1999ЗагребХрватска Хрватска1 – 0Ирска ИрскаКвал. за ЕП 2000-заменет 84'
9-10-1999ЗагребХрватска Хрватска2 – 2СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за ЕП 20001добил жолт картон во 37-мата минута 37'
13-11-1999ПаризФранција Франција3 – 0Хрватска ХрватскаПријателска-добил жолт картон во 54-тата минута 54'
29-3-2000ЗагребХрватска Хрватска1 – 1Германија ГерманијаПријателска-заменет 84'
26-4-2000ВиенаАвстрија Австрија1 – 2Хрватска ХрватскаПријателска1заменет 84'
28-5-2000ЗагребХрватска Хрватска0 – 2Франција ФранцијаПријателска-заменет 89'
16-8-2000БратиславаСловачка Словачка1 – 1Хрватска ХрватскаПријателска-заменет 76'
28-2-2001РиекаХрватска Хрватска1 – 0Австрија АвстријаПријателска-влегол во игра 46'
24-3-2001ОсиекХрватска Хрватска4 – 1Латвија ЛатвијаКвал. за СП 2002-заменет 46'
15-8-2001ДаблинИрска Ирска2 – 2Хрватска ХрватскаПријателска-заменет 46'
1-9-2001ГлазговШкотска Шкотска0 – 0Хрватска ХрватскаКвал. за СП 2002-добил жолт картон во 63-тата минута 63' заменет 71'
5-9-2001СеравалеСан Марино Сан Марино0 – 4Хрватска ХрватскаКвал. за СП 2002-заменет 78'
13-2-2002РиекаХрватска Хрватска0 – 0Бугарија БугаријаПријателска-заменет 46'
27-3-2002ЗагребХрватска Хрватска0 – 0Словенија СловенијаПријателска-влегол во игра 46'
3-6-2002НиигатаХрватска Хрватска0 – 1Мексико МексикоСП 2002 - Групна фаза-влегол во игра 67'
13-6-2002ЈокохамаЕквадор Еквадор1 – 0Хрватска ХрватскаСП 2002 - Групна фаза-влегол во игра 68'
12-10-2002СофијаБугарија Бугарија2 – 0Хрватска ХрватскаКвал. за ЕП 2004-добил жолт картон во 78-мата минута 78'
29-3-2003ЗагребХрватска Хрватска4 – 0Белгија БелгијаКвал. за ЕП 2004-влегол во игра 71'
2-4-2003ВараждинХрватска Хрватска2 – 0Андора АндораКвал. за ЕП 2004-влегол во игра 46'
30-4-2003СолнаШведска Шведска1 – 2Хрватска ХрватскаПријателска-влегол во игра 46'
Вкупно Настапи 49 Голови 7

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1988-1989Југославија ЖелезничарПЛ140КЈ??------14+0+
1989-1990ПЛ140КЈ??------14+0+
1990-1991ПЛ281КЈ??------28+1+
1991-1992ПЛ2111КЈ??------21+11+
Вкупно Железничар7712??----77+12+
1992-1993Хрватска Динамо Загреб1.ХНЛ2611КХ98------3519
1993-1994Шпанија Спортинг ХихонПД347КШ42------389
1994-1995Португалија БенфикаПД145КП10---СП10165
1995-1996Белгија Клуб БрижД13020КБ??КПК41СБ1035+21+
јул.-дек. 1996Д177КБ??ЛШ+КУ2+40+1---13+8+
Вкупно Клуб Бриж3727??1021048+29+
јан.-јун. 1997Италија ПармаА133КИ--КУ-----133
1997-1998А234КИ51ЛШ40---325
1998-1999А187КИ70КУ60---317
1999-2000А23+1[15]5+1КИ10ЛШ+КУ2[16]+70+4СИ003410
Вкупно Парма77+119+11311940011025
2000-2001Англија ЧелсиПЛ122ФАКуп+ЛК2+00КУ00ЧШ10152
2001-2002ПЛ271ФАКуп+ЛК4+21+0КУ20---352
2002-2003ПЛ184ФАКуп+ЛК3+21+1КУ20---256
2003-2004ПЛ20ФАКуп+ЛК0+20ЛШ1[16]0---50
Вкупно Челси59715350108010
Вкупно во кариерата3258942+14+34630404+109+

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
Обновено на 27 март 2025
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови
Југославија Југославија
199120
Хрватска Хрватска
199530
199691
199710
1998123
199972
200041
200150
200250
200330
Вкупно517

Хет-трикови

[уреди | уреди извор]

Динамо Загреб

[уреди | уреди извор]
1992-1993

Клуб Бриж

[уреди | уреди извор]
1995-1996
1995-1996
1996
1998-1999
1998-1999
1999
2000

Поединечни

[уреди | уреди извор]
1995-1996 (20 гола)
  1. 1 2 3 Damir Kulas (15 август 2018). „How Mario Stanić, who waded across a river to flee war, became one of Croatia's most underrated footballers“. These Football Times (англиски). Посетено на 21 јануари 2019.
  2. (Ne)uspjeh prvaka s Mariom Stanicem на Семрежната филмската база на податоци
  3. „MARIO STANIĆ-POVIJEST DINAMA“ (хрватски). Архивирано од изворникот на 11 април 2021. Посетено на 11 април 2021. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  4. „Извештај од натпреварот: Sporting Gijon - Rayo Vallecano 2-0, Primera Division 1993-1994“. 24 октомври 1993. Посетено на 10 април 2025.
  5. Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. Vol. 13 (1996-1997). Panini. 2012. стр. 10. Занемарен непознатиот параметар |month= (help); Занемарен непознатиот параметар |day= (help)
  6. 1 2 3 4 5 (италијански) http://www.corrieredellosport.it/news/calcio/ilcuoio/2019/01/17-52175721/mario_stanic_il_croato_volante_con_il_senso_del_gol/. Посетено на 21 јануари 2019. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  7. „EFFETTO STANIC, PARMA DECOLLA - la Repubblica.it“. Archivio - la Repubblica.it (италијански). Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help)
  8. „Chelsea sign Croatian star“. BBC News. British Broadcasting Corporation. 28 June 2000. Посетено на 31 March 2012.
  9. Hobbs, Tim (13 August 2000). „Keane off as Chelsea show no charity“. Sky Sports. Архивирано од изворникот на 15 August 2000. Посетено на 10 March 2020.
  10. „Stanic brace sinks Hammers“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 20 August 2000. Посетено на 31 March 2012.
  11. „Injuries end Stanic career“ (англиски). 9 јули 2004. Посетено на 21 јануари 2019.
  12. „Faroe Islands national football team lost to Yugoslavia 0:2, 16 October 1991“. eu-football.info (англиски). Посетено на 21 јануари 2019.
  13. „Brazil v Yugoslavia national team, 30 October 1991“. eu-football.info (англиски). Посетено на 21 јануари 2019.
  14. „Jamaica v Croatia national team, 14 June 1998“. eu-football.info (англиски). Посетено на 21 јануари 2019.
  15. Бараж за 4. место
  16. 1 2 Во квалификациските кола

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]