Марински театар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дизајн за завесата на Маринскиот театар од времето на царството, која постоела пред 1914 година
Втора сцена од десната страна на каналот
Втора сцена

Марински театар (руски: Мариинский театр) — историско балетски и оперски театар во Санкт Петербург на северозапад од Русија. Отворен е во 1860 година, станал еден од најистакнатите музички театри во Русија на касниот деветнаесетти век, каде премиерно се изведени многубројни ремек дела на Петар Илич Чајковски, Модест Мусоргски и Николај Римски-Корсаков. Во поголемиот дел од времето на Советскиот Сојуз, театарот бил познат како Киров театар. Денес, Маринскиот театар е дом на Маринскиот балет, Маринската опера и Маринскиот оркестар. По пензионирањето на Јуриј Темирканов во 1988 година, генерален директор на театарот е диригентот Валериј Гергијев.[1][2]

Име[уреди | уреди извор]

Театарот го носи името на царицата Марија Александровна, сопругата на императорот Александар II Николаевич. Во фоајето на главниот влез е бистата на царицата. Името на театарот се менувало низ историјата, како одраз на политичките струи од тоа време.

1860 1920 Императорский Мариинский театр Марински театар
1920 1924 Государственный академический театр оперы и балета Државен академски театар
1924 1935 Ленинградский государственный академический театр оперы и балета Ленинградски државен академски театар
1935 1992 Государственный академический театр оперы и балета имени С. М. Кирова Државен академски театар Киров
1992 - Государственный академический Мариинский театр Марински театар

Театарската зграда обично се нарекува Марински театар. Заради лесна идентификација задржано е името Киров, стекнато за време на советската ера во чест на убиениот водач на ленинградската комунистичка партија Сергеј Киров.[1]

Појава[уреди | уреди извор]

Царската драма, опера и балетска трупа е основана во 1783 година по налог на Катерина Велика. Првично, балетските и оперските претстави се одржувале во Дрвениот театар Карл Книпер во близина на денешниот Тристран мост. Театарот Ермитаж, покрај Зимската палата, служел за настапи за елитната публика од аристократски гости поканети од царицата.

Постојаната театарска зграда, позната како царски театар Бољшој Камен, била дизајнирана од Антонио Риналди. Таа била отворена во 1783 година. Театарот Бољшој Камен бил реновиран во 1836 година според дизајнот на Алберт Кавоц и служел како главен театар на Царскиот балет и опера. На 29 јануари 1849 година, на театарскиот плоштад бил отворен Коњичкиот циркус. Ова е дело на архитектот Кавос. Десет години подоцна, кога овој циркус изгорел, Алберт Кавос го вратил како куќа на опера и балет со најголема сцена во светот. Со капацитет од 1.625 места и италијански аудиториум во форма на потковица, театарот бил отворен на 2 октомври 1860 година.[1]

Премиерно изведени дела[уреди | уреди извор]

Премиерите на многу опери на Михаил Глинка, Модест Мусоргски и Петар Илич Чајковски биле одржани во царскиот Марински театар и неговиот претходник, театарот Бољшој Камен. По наредба на театарскиот режисер Иван Всеволовски, и царскиот балет (балетот пристигнал во Маринскиот театар во 1870 година) и царската опера биле преместени во Маринскиот театар во 1886 година, бидејќи театарот Бољшој Камен се сметал за небезбеден. Таму реномираниот кореограф Мариус Петипа претставил многу свои ремек-дела, вклучувајчи ги и Трнорушка (балет) 1890 година, Крцко Орашчиќ (балет) 1892, Рајмонда (балет) 1898 и дефинитивно оживување на балетот Лебедово езеро 1895 година. Првиот оригинален балет кој е продуциран во Маринскиот театар бил „Магични пилули", на музиката на Лудвиг Минкус. Други светски премиери во оваа куќа биле: опера Борис Годунов (1874), оперите на Чајковски Пикова дама (1896) и Јоланта (1892), ревидирана верзија на Сергеј Прокофјев балетите Ромео и Јулија (балет) (1940) и балетот на Арам Хачатуријан „Спартак“ (1956), како и операта на Николај Римски-Корсаков „Златен петел“ (1909) и балет на Прокофјев Пепелашка (балет) 1946 година (со Наталија Дудинска).[3]

Маринскиот театар денес[уреди | уреди извор]

Под раководство на Јуриј Темирканов, главниот диригент од 1976 до 1988 година, оперскиот ансамбл продолжил да прави иновативни продукции на модерни и класични руски опери. Иако функционира одделно од балетот, од 1988 година двата ансамбли се под уметничко раководство на Валери Гергиев како уметнички директор на целиот театар. Оперскиот ансамбл влегол во нова ера на уметничка совршеност и креативност. Од 1993 година, влијанието на Гергиев врз операта бил огромно. Прво, тој ја реорганизирал својата деловна активност и воспоставил врски со многу големи светски оперски куќи. Некои од нив се: Кралската опера во Лондон, Операта Метрополитен, Операта Бастиља, Ла Скала, Ла Фениче, Израелската опера, Националната опера во Вашингтон и Операта во Сан Франциско. Денес ансамблот на операта редовно ги угостува овие градови. Во 1989 година се одржал фестивал во чест на Мусоргски. Слично на тоа, многу опери на Прокофјев биле претставени кон крајот на 1990-ти години. Опери од не-руски композитори започнале да се изведуваат на оригинални јазици, што му помогнало на оперскиот ансамбл да ги прифати светските трендови. Во моментов, оперскиот ансамбл има 22 сопрани (од кои Ана Нетребко е веројатно најпознат); 13 мецосопранови (со Олга Бородина, позната на американската и европската публика); 23 тенори; осум баритони и 14 басови. Сем Гергиев, генерален директор, има шеф на администрација во театар, режисер на сцена, раководители на сцена и асистенти, заедно со 14 асистенти.[4]

Концертна сала на театарот Марински[уреди | уреди извор]

Концертна сала на театарот Марински била отворена во 2007 година. Ја дизајнирал француски архитект Ксавије Фабр и може да прими 1.100 луѓе.

Друга сцена[уреди | уреди извор]

Канадската компанија „Diamond and Schmit Architect“, заедно со нивниот локален партнер, дизајнирале нова зграда, наречена Втора сцена, која има 2.000 места и служи како додаток на постојниот театар. Изградбата започнала во 2003 година, по различен дизајн на францускиот архитект Жен Нувел. Новиот дизајнерски тим ја презеде градбата во 2009 година. Сцената била завешена во мај 2013 година, по цена од 700 милиони евра.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „MARIINSKY THEATRE“. www.mariinsky.ru. Посетено на 12. 4. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. В Петербурге новая сцена Мариинского театра встречала первых зрителей. Новости. Первый канал (руски), Посетено на 12. 4. 2019 Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Грэм Вик показал в Мариинке оперу „Средство Макропулоса". Российская газета (руски). Посетено на 12. 4. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Мариинский театр: четвертьвековые итоги | Belcanto.ru“. www.belcanto.ru. Посетено на 12. 4. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Novo zdanje Marinskog teatra“. RTS. Посетено на 5. 4. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)