Маринберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маринберг
Маринберг во 1650
Маринберг во 1650
Грб на Маринберг
Маринберг is located in Германија
Маринберг
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Рудни Планини
Градски единици 9
Градоначалник Томас Витиг (CDU)
Основни податоци
Површина 133,47 км2
Надм. височина 609 м
Население 17.254 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 129 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 09491-09496
Повик. бр. 03735
Портал www.marienberg.de
Местоположбата на градот Маринберг во рамките на округот Рудни Планини
Карта
Координати 50°38′N 13°9′E / 50.633° СГШ; 13.150° ИГД / 50.633; 13.150Координати: 50°38′N 13°9′E / 50.633° СГШ; 13.150° ИГД / 50.633; 13.150

Маринберг (германски: Marienberg) — град во Германија. Бил главен град на округот Средни Рудни Планини во јужниот дел на сојузната покраина Саксонија, а од август 2008 година е дел од новиот округ Рудни Планини.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на плато северно од планинскиот масив Рудни Планини, на надморска височина помеѓу 460 и 891 метар. Се наоѓа околу 31 километар јужно од Кемниц, со кој е поврзан преку железницата Флехатал (Flöhatalbahn).

Историскиот центар на градот следел ректагуларен план, имитирајќи ја италијанската ренесанса. Центарот се наоѓа на плоштадот со површина од 1,7 хектари.

Маринберг и Поберсхау биле здружени во Амт Маринберг, сè додека Поберсхау не се приклучил кон Маринберг од 1 јануари 2012.

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот документиран доказ поврзан со Маринберг е спомнувањето на селото Вистеншлета како Слетин (Sletyn) во 1323 година. Меѓутоа, градот бил основан на 27 април 1521 година од Хајнрих IV, војвода на Саксонија, по откривањето на среброто во 1519 година. Маринберг добил градски права во 1523 година и имал свој рударски одбор од 1525 година. Во 1555 година, имало над илјада рудници во областа на Маринберг. По ископувањето на среброто, бакарот и калајот биле ископувани во XVII век. Последниот рудник бил затворен во 1899 година. Денес, туризмот е важен сектор на економијата.

Градски окрузи[уреди | уреди извор]

  • Гебирге
  • Гелобтланд
  • Хитенгрунд
  • Кинхајде
  • Лаута
  • Лаутербах
  • Нидерлаутерштајн
  • Поберсхау
  • Рајценхајн
  • Рибенау
  • Зацунг на Хиртштајн

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]