Марина (ТВ серија)
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Марина | |
|---|---|
| Жанр | драма теленовела |
| Создадена од | Инес Родена |
| Улоги | Сандра Ечеварија Маурисио Окман Маноло Кардона Ајлин Мухика Сузана Досаментос |
| Земја на потекло | САД / Мексико |
| Првичен јазик | Шпански |
| Бр. на епизоди | 169 |
| Производство | |
| Времетраење | 45 минути |
| Прикажување | |
| Првична мрежа | Телемундо / Аргос Продукција |
| Првично прикажување | 16 октомври 2006 – 29 јуни 2007 |
| Хронологија | |
| Следбеник | Семето на љубовта (2007-2008) |
| Надворешни врски | |
| Мрежна страница | telemundoeventos.com/marina/marina eng.html |
Марина (англиски: Marina) е американска / колумбиска теленовела снимана во Мексико, во 2006 година. Серијата е римејк на позната триологија на Талија, Марија Мерцедес, Маримар и Марија од преградието.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Марина е приказна за прекрасно и смела девојче кое ги забавува туристите кои доаѓаат во сончевиот Акапулко. Светот и се руши кога нејзината мајка умира неочекувано и Марина е принудена да се премести во богат имот, на фамилијата Аларкон Моралес, моќно семејство, кое не е подготвено да ја дочека сиромашната девојка со отворена врата. Во новиот дом Марина ќе биде опркужена со злото и омразата, но исто така ќе вложи напор и заштита од моќниот мултимилионер, Дон Гуљелмо, нејзиниот чичко. Марина го споделува семејното наследство и го запознава луксузниот начин на животот. Но во тој имот ќе ја запознае и љубовта во лицето на Рикардо Аларкон, убав и млад маж, кој се посветил во бизнисот на фамилијата и живее со својата жена, Адријана, но боледува од тешка болест. Рикардо е воодушевен од Марина и се заљубува лудо во неа. Но повеќето од фамилијата ќе прават се да ги разделат, но тие и покрај тоа ќе се борат за вистинска љубов.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Сандра Ечеварија | Марина |
| Маурисио Окман | Рикардо *1 |
| Маноло Кардона | Рикардо *2 |
| Ајлин Мухика | Лаура / Вероника |
| Сузана Досаментос | Алберта |
| Умберто Зурита | Гуљелмо |
| Долорес Хередија | Роса |
Марина на Балканот
[уреди | уреди извор]Бугарија: бТВ
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Црна Гора: Пинк М
Македонија: Сител Телевизија
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална Веб Страна Архивирано на 15 јануари 2007 г.
- Семрежна филмска база на податоци