Марина Михајлова-Дамчевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Родена Марина Михајлова
1963
Ташкент, Узбечка ССР, СССР СССР
Националност Македонка
Занимање атлетичарка


Марина Михајлова-Димческа ( 1963 во Ташкент) — македонска атлетичарка.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Како атлетичарка на АК „Скопје“ деветпати била првенка на СФРЈ во седмобој, еднаш и на 100 м со пречка и првенка на Македонија во повеќе дисциплини. Три пати го соборувала југословенскиот рекорд во седмобој (1986-1987) и сѐ уште е актуелна рекордерка на Македонија во петобој (сала), скок во далечина, скок во височина и седмобој.

На Универзитетските игри го освоила шестото место во Загреб во 1987 година. На Средоземните игри во Лакрија, Либан, во 1987 година го освоила второто место во седмобој. Нејзиниот последен рекорд на СФРЈ во седмобој во 1987 со 5.642 бода останал несоборен. Ја исполнила олимписката норма на 100 м со пречки во 1996 година. По тешка сообраќајна несреќа, ја завршила својата спортска кариера.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Михајлов“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 972. (2009). Скопје: МАНУ.