Марика Индева
Изглед
Марика Старовиќ Индева (20 август 1926 во Гуменџе — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Го помагала НОД во заднината од 1943 година до 1945 година во Егејска Македонија. Во март 1943 година била примена за член нa младинската организација ЕПОН во Гуменџе. Во јуни истата година станала член на КПГ. Работела на омасовувањето на младинската организација ЕПОН, собирала оружје, храна и други. Во декември 1943 година била борец на Пајак Планина, но наскоро се вратила во Гуменџе и продолжила илегално да го помага НОД до 25 март 1945 година кога се префрлила на територијата во Југославија.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |