Прејди на содржината

Марика Јованова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марика Караѓорѓева Јованова (21 јануари 1924 во Велес — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Трета македонска ударна бригада, во чиј состав се борела и Марика Јованова.

Таа била работничка, а од 1940 година учествувала во напредното младинско движење во Велес. Кон крајот на истата година станала член на скоевска група. Од втората половина на 1942 година станала член на КПЈ. Активно работела на прифаќање младинци во скоевската организација, собирала народна помош, оружје и чувала илегалци. Постојано раководела со групи скоевци и неколку читачки младински гpyпи. Во јули 1943 година била затворена од окупаторот. Два месеца била задржана во бугарската полиција во Скопје, а потоа интернирана на 6 месеци во Бугарија, село Езерово, Борисовградско. Од интернација се вратила во јули 1944 година и веднаш стапила во Третата македонска ударна бригада. Подоцна била префрлена во Осмата македонска удрана бригада.[1]

  1. 1 2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1082.