Маргерита
Традиционална маргерита | |
Дел од оброкот | главно јадење, мезе |
---|---|
Место на потекло | Италија |
Регион | Кампанија |
Главни состојки | тесто, моцарела, домати, босилек |
Маргерита (италијански: Margherita), често погрешно напишана како „маргарита“ — типична неаполска пица направена од посебен вид домати „сан марцано“, моцарела, свеж босилек, сол и екстра девствено маслиново масло.
Потекло и повест
[уреди | уреди извор]Во јуни 1889 година, шефот на пицеријата и пица-мајстор Рафаеле Еспозито смислил јадење наречено „пица маргерита“ во чест на тогашната италијанска кралица Маргерита Савојска, како и во чест на обединувањето на Италија, па затоа состојките се во боите на италијанското знаме - босилек (зелена), моцарела (бела) и доматно пире (црвена). [1]
Маргерита потекнува од мешањето на слични состојки кои веќе биле присутни во Неапол помеѓу 1796 и 1810 година.[2] Во 1849 година, Емануеле Роко забележал различни состојки за пица, вклучувајќи босилек, домат и тенки парчиња моцарела.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Iengo, Arturo (2008). Cucina Napoletana: 100 Recipes from Italy's Most Vibrant City. New Holland Publishers. стр. 126. ISBN 978-1-84537-989-6. Архивирано од изворникот на 2018-06-16. Посетено на 2017-12-12.
- ↑ Forgione, Angelo (2013). Made in Naples. Magenes. стр. 195. ISBN 978-88-6649-039-5.
- ↑ De Bourcard, Francesco (1866). Usi e costumi di Napoli e contorni descritti e dipinti [Uses and customs of Naples and outlines described and painted.]. 2. G. Nobile. стр. 124.
Литература
[уреди | уреди извор]- De Bourcard, Francesco (1866). Usi e costumi di Napoli e contorni descritti e dipinti. Naples.