Маргарита Христова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маргарита Христова
Основни податоци
Роден(а)18 март 1973 Битола, Македонија Македонија
Жанр(ови)поп
Занимање/њапејачка

Маргарита Христова е македонска пејачка кој твори на македонската забавна сцена повеќе од 20 години. Родена е на 18 март 1973 во Битола[1]. Својата музичка кариера ја започнала уште во 1987 година на фестивалот „Златен Глас“[2]. Таа била победник на фестивалот „Југовизија“ во 1991 година, со што била последната избраничка на тогашната СФРЈ за фестивалот Евровизија. Повеќе пати учествувала на фестивалот Макфест во Штип, како и на други музички фестивали во Македонија и странство. Остварила и повеќе турнеи во странство. Освоила повеќе награди на меѓународни музички феситвали, во 2009 во Турција[3], а во 2010 победила на интернационален фестивал во Малта освојувајќи ја наградата за најдобар пејач[4].

Наводи[уреди | уреди извор]