Маргарет Мид
| Маргарет Мид | |
|---|---|
Мид во 1948 г. | |
| Роден(а) | декември 16, 1901 Филаделфија, Пенсилванија, САД |
| Починал(а) | ноември 15, 1978 (возр. 76) Њујорк, САД |
| Образование | |
| Занимање | Антроплог |
| Сопружник | |
| Деца | Мери Кетрин Бејтсон |
| Награди |
|
Маргарет Мид (16 декември 1901 година, Филаделфија, Пенсилванија, САД — 15 ноември 1978 година, Њујорк) — американски културен антрополог, истакната писателка и говорник во 1960-тите и 1970-тите години.[1] Дипломирала на Бернардскиот колеџ во Њујорк Сити, а магистрирала и докторирала на Колумбискиот универзитет.[2] Мид била претседател на Американското здружение за унапредување на науката во 1975 година.[3]
Таа ги популаризирала концептите на антропологијата во модерната американска и западна култура, а воедно била и истакната како академски антрополог.[4] Нејзините извештаи за ставовите кон сексот во традиционалните култури во Јужниот Пацифик и Југоисточна Азија ја обликувале сексуалната револуција од 1960-тите.[5]
Биографија
[уреди | уреди извор]Маргарет Мид била родена во Филаделфија. Нејзиниот татко бил професор на Вартонскиот факултет за бизнис, на Пенсилванскиот универзитет, а нејзината мајка била социолог која работела со италијански имигранти. По една година студирање на Индијанскиот универзитет (1919), таа се префрлила на Бернардскиот колеџ во Њујорк, каде што дипломирала во 1923 г. каде следната година магистрирала. Нејзините научни ставови и ставови биле во голема мера под влијание на Рут Бенедикт и Франц Боас. Во 1925 година, таа заминала на теренско истражување во Полинезија, во Самоа, каде што собрала голема количина материјал за процесот на социјализација на децата и адолесцентите во самоанското општество.
По враќањето од Полинезија во 1926 година, таа започнала да работи како кустос во Американскиот музеј за природна историја во Њујорк. Во 1929 г. таа ја одбранила својата докторска теза на Универзитетот Колумбија.[2]
Истражувачки интереси
[уреди | уреди извор]Таа се занимавала со проучување на односите меѓу различни возрасни групи во традиционалните општества (како папуанските и самоанските), како и во современите општества, со особен фокус на појавата на генерациски јаз. Дополнително, ја истражувала детската психологија од перспектива на т.н. етнопсихологија.
Во нејзиното дело „Растење во Самоа“ (1928), таа заклучила дека нема конфликт или тешкотии во социјализацијата помеѓу постарите генерации и адолесцентите во традиционалното општество.
Маргарет Мид, исто така, идентификувала три главни типа на размена на знаење помеѓу возрасни и деца:
- Постфигуративно – пренесување на знаење од возрасни на деца;
- Кофигуративно – пренесување на знаење на деца и возрасни, главно преку нивните врсници;
- Префигуративно – пренесување на знаење од деца на возрасни.
Цитати
[уреди | уреди извор]- Никогаш не се сомневајте дека мала група промислени, посветени луѓе можат да го променат светот. Низ историјата, тоа секогаш било доволно.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Margaret Mead As a Cultural Commentator“. Margaret Mead: Human nature and the power of culture. Library of Congress. November 30, 2001. Посетено на March 8, 2008.
- 1 2 „The Institute for Intercultural Studies: Biography: Margaret Mead“. www.interculturalstudies.org. Посетено на 2021-01-29.
- ↑ „AAAS Presidents“. aaas.org. American Association for the Advancement of Science. Посетено на October 13, 2018.
- ↑ Horgan, John. „Margaret Mead's bashers owe her an apology“. Scientific America.
- ↑ Popova, Marie. „Legendary Anthropologist Magaret Mead on the Fluidity of Human Sexuality in 1933“. brainpickings.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дела од или за Маргарет Мид во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)