Прејди на содржината

Маргарет Лејнен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фотографија од Маргарет Лејнен

Маргарет Лејнен (родена на 20 септември 1946 година) е американски палеокеанограф и палеоклиматолог. Во 2013 година, Лејнен била назначена за 11-ти директор на Институтот за океанографија Скрипс, како и за декан на Факултетот за морски науки на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего [1]

Образование

[уреди | уреди извор]

Во 1969 година Лејнен ја добила својата диплома како научник по геологија на Универзитетот во Илиноис, магистер по геолошка океанографија на Државниот универзитет во Орегон во 1975 година, и докторирала по океанографија во 1980 година на Универзитетот во Род Ајленд.[2]

Таа е избрана за член на Американското здружение за унапредување на науката [3] и на Геолошкото друштво на Америка.[4] Во 2016 година, таа била избрана за американски научен пратеник од Стејт департментот на Соединетите држави.[5] Во 2020 година, Лејнен била избрана во Американската академија за уметности и науки [6][7] и била именувана за член на Океанографското друштво.[8]

  1. „New Vice Chancellor for Marine Sciences Creates Vision for Scripps Oceanography“. Scripps Institution of Oceanography, UC San Diego. October 24, 2013. Архивирано од изворникот на 2018-09-10. Посетено на July 1, 2014.
  2. „Director's Biography“. Scripps Institution of Oceanography, UC San Diego. March 2014. Архивирано од изворникот на 2015-04-27. Посетено на July 1, 2014.
  3. „American Association for the Advancement of Science“. Архивирано од изворникот на 6 January 2015. Посетено на 13 January 2015.
  4. „Geological Society of America“. Архивирано од изворникот на 2018-09-27. Посетено на 13 January 2015.
  5. „Announcement of U.S. Science Envoys“. United States Department of State. 26 February 2016. Посетено на 19 May 2016.
  6. News, Scripps. „Four from UC San Diego Elected to American Academy of Arts and Sciences“. Scripps Institution of Oceanography (англиски). Посетено на 2021-05-18.
  7. „Margaret S. Leinen“. American Academy of Arts & Sciences (англиски). Посетено на 2021-05-18.
  8. „tos-fellows-meet | The Oceanography Society“. tos.org. Архивирано од изворникот на 2021-06-15. Посетено на 2021-06-01.