Маргарет Квали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сара Маргарет Квали (родена на 23 октомври 1994 година) е американска актерка. Доаѓа од филмско семејство. Нејзината мајка е актерката Енди Мекдауел, а татко Пол Квали. Како млада се занимавала со балет и сакала да биде модел. Нејзиното прво појавување во мала улога го имаше во филмот Пало Алто во 2013 година, а дека има талент се покажа во серијата „Остатоците“ (2014–2017) на HBO каде се здоби со признание за улогата на проблематичен тинејџер.

Во 2019 година, таа доби признание за нејзината улога во биографската мини-серија за актерката и танчерка Ен Реинкинг на FX Fosse/Verdon, за која беше и номинирана за наградите Еми. Се појави во филмовите Добри момци (2016), Death Note (2017), Беше еднаш во Холивуд (2019) и во видео играта Death Stranding . Во 2021 година, таа глуми во познатата мини-серија на Нетфликс, Слугинката.

Ран живот и образование[уреди | уреди извор]

Сара Маргарет Квали е родена на 23 октомври 1994 година во Калиспел, Монтана - Соединетите Американски Држави. [1] Потекнува од познато семејство. Ќерка е на актерката и модел Енди Мекдауел и поранешниот модел Пол Квали. [2] Таа има постар брат Џастин и сестра Рејни . [3]

Кога Маргарет имала 4 години заедно со семејството се преселиле од Мисула, Монтана во Ешвил, Северна Каролина. [4] Нејзините родителите се разделиле кога таа имала пет години, а таа го делела времето подеднакво со нив. [5] Нејзините родители живееле блиску едни до други, на само 5 километри. [6] Таа живееле со нејзиниот татко во во Северна Каролина. [7] [8]

Како тинејџерка живеела во Ешвил, Северна Каролина,[9] а таа и нејзината сестра го имале своето деби на Bal des débutantes во Париз. [10] На свои 14 години се решила да учи балет во Училиштето за уметности во Северна Каролина. [5] Тренирала како балерина, играјќи во Американскиот балетски театар и паралелно студирајќи во Професионалното детско училиште во Њујорк. [11] Меѓутоа, на 16-годишна возраст, по понудата да волонтира во танцовиот театар во Северна Каролина, Квали реши да се откаже од балет. За да остане во Њујорк, таа започна да работи како модел. За овој период, Квали вели: „И напишав на мајка ми велејќи: „Види, мислам дека повеќе не сакам да бидам балерина, па затоа ќе го напуштам балетот и ќе останам овде. Овој и овој приход ќе го имам следната недела.'' Го напишав на начин што таа не можеше да каже не затоа што бев многу организирана.“[5] Подоцна го промени својот фокус кон глумењето и беше дел од летната програма на Royal Academy of Dramatic Art во Лондон.Квали беше дел и одNew York Universityно го напушти по само еден семестар.[5][12]

Кариера[уреди | уреди извор]

Моделство[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, на 16 години Квали настапи како модел на модната недела во Њујорк, носејќи парчиња облека од Алберта Ферети. Таа беше модел за време на модната недела во Париз, за колекциите за пролет/лето 2012 година носејќи модни парчиња од познатите светски модни куќи Валентино и Шанел. [13] [14] Таа повторно на модната писта се појави во креации за Шанел на нивното модно шоу за колекцијата есен/зима 2012 година. [15] Квали позираше за светските списанија како што се Vogue, W, Teen Vogue,[16] Interview, Vanity Fair.[14] Квали се појави во кампањата на Ралф Лорен за колекцијата есен/зима 2016 година, снимена од Стивен Мајзел.[17]

Од 2015 година, таа потпиша договори со IMG Models и Uno Models Barcelona. [18] [19]

Глума[уреди | уреди извор]

Нејзиното прво појавување на малите екрани со мала улога беше во филмот на Гиа Копола Пало Алто. Во 2013 година, улогата ја има добиено по случајност кога била на снимање кај нејзиното тогашно момче, Нет Волф [20] [21]

Во јуни 2013 година, Квали глумеше во телевизиската серија The Leftovers, во која успешно ја повтори улогата на Џил Гарви во втора и трета сезона во 2015 и 2017 година.

Квали во Сан Диего 2017 година

Следно нејзино појаување беше во комедијата на Шејн Блек од 2016 година „Убавите момци“ . [22] Во април 2016 година, им се придружи на актерската екипа „Исчезнувањето на Сидни Хол “ на Шон Кристенсен. Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал Санденс 2017 година, заедно со друг нејзин филм, Novitiate . Во Novitiate, Квали глуми сестра Кетлин, млада жена која почнува да ја преиспитува својата вера додека пробува да биде калуѓерка. [23] Филмот беше објавен на 27 октомври 2017 година. [24] Истата година, Квали глумеше во Death Note, во режија на Адам Вингард .

Во 2018 година, заедно со Џејми Бел и Френк Грило, Квали се појави во филмот Донибрук, во режија на Тим Сатон. Филмот ја имаше својата премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто 2018 година. [25]

Во 2019 година, Квали глуми во научно-фантастичниот филм на Нетфликс IO. Филмот беше режиран од Џонатан Хеперт и беше објавен на 18 јануари 2019 година. Таа ја играше Сем Волден.

Во 2019 година, Квали ја и игра улогата на Мери Далтон во филмот Native Son на HBO. [26] Во 2019 година, Квали ја портретираше и актерката и танчерка Ен Реинкинг во мини-серијата на FX Fosse/Verdon, за која доби и номинација за наградата Primetime Emmy за најдобра споредна женска улога во серија или филм [27] [28]. Таа потоа се појави во филмот на Квентин ТарантиноБеше еднаш во Холивуд“, глумејќи еден член на семејството Менсон по име Пусикет. [29] За филмот, Квали беше номинирана за Screen Actors Guild Award Таа исто така глумеше во Себерг заедно со Кристен Стјуарт и Џек О'Конел во режија на Бенедикт Ендрјус . [30]

Во 2020 година, Квали глумеше во Wake Up, краток филм во режија на Оливија Вајлд, [31] и во играниот филм My Salinger Year, заедно со Сигурни Вивер во режија на Филип Фалардо, кој ја имаше својата светска премиера на Меѓународниот филмски фестивал во февруари 2020 во Берлин. [32]

Во 2021 година, Квали глумеше во мини серијата Maid базирана на мемоарите на Стефани Ленд за Нетфликс . [33]

Следната улога ќе и биде во психолошкиот трилер A Head Full of Ghosts во режија на Скот Купер; [34] и во Ѕвездите на пладне со Џо Алвин во режија на Клер Денис . [35] [36]

Во други медиуми[уреди | уреди извор]

Во 2015 година, Квали се појави во краткиот промотивен филм L'Américaine за американската модна етикета Tory Burch . [37] Во 2016 година, Квали се појави како централен лик во реклама за KENZO World во режија на Spike Jonze ; [38] во кореографија на Рајан Хефингтон. Во 2017 година Квали и нејзината сестра Рејни се појавија во спотот за синглот на Соко „Sweet Sound of Ignorance“. [39]

На 29 мај 2019 година, беше објавено дека Квали ќе ја игра улогата на „Мама“ во видео играта на PlayStation 4, Death Stranding на Хидео Коџима. Таа го играше и ликот на Локн, сестрата близначка на мама.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Од Лос Анџелес каде живеела со нејзината сетра и куче Букс, во ноември 2019 година, Квали преселува во Њујорк. [40] [5] [21] Квали во една изјава ја опиша нејзината сестра како „мојот идол, мојот најдобар пријател во целиот свет“. [5]

Во 2020 година таа започна да се забавува со актерот Шиа Лабеф, откако заедно глумеа во краткото музичко видео на нејзината сестра Рејни „Love Me Like You Hate Me“. Во декемеври 2020 Квали доби критики, откаксе појави во јавност со Лебеф, кратко откако неговата поранешна девојка поднесе тужба против него за сексуална навреда и напад. Набргу потоа, врската заврши во јануари 2021 година. Во септември, Квали изјавува дека верува во тврдењата во поранешната девојка на Лебеф. [41]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Телевизија[уреди | уреди извор]

година Наслов Улога Белешки Платформа за содржина
2014–2017 година Остатоците Џил Гарви Главна улога HBO
2018 година Asesinato en el Hormiguero Express Самата Телевизиски специјален Антена 3
2019 година Фосе/Вердон Ен Реинкинг Минисерии FX
2021 година Слугинката Александра „Алекс“ Расел Главна улога Нетфликс

Видео игри[уреди | уреди извор]

година Наслов Гласовна улога Белешки
2019 година Death Stranding Мама / Локн Обезбеден е и 3D модел и снимање на движење за двата лика

Музички видеа[уреди | уреди извор]

година Наслов на песна Уметник директор Белешки
2017 година Сладок звук на незнаењето Соко Соко Како танчерка маскота со сестрата Рејни Квали
2019 година Само за твоите очи Кашмирска мачка Џејк Шрајер Танцуваше како принцезата Мачка со помош на снимање на движење
Емоции
2020 година Сакај ме како да ме мразиш Рејнсфорд Лук Тарнер

(со посебна благодарност до Оливија Вајлд )

Танцуваше со Шија Лабеф

Кратки видеа[уреди | уреди извор]

година Наслов Улога директор Белешки
2015 година L'Américaine Девојка Дијана Агрон За париската колекција на лимитирана едиција на Тори Бурч
2016 година Светот на Кензо Маргарет (танчерка) Спајк Јонзе За парфемот на Кензо
Девојка од соништата Нора Лорен Карис Кохан За слободни луѓе
2018 година Светлосни суштества Девојче Лилјак за трепки (Наташа Кан) За очила DITA
2020 година Разбуди се Џејн До Оливија Вајлд За HP

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

година Награда Категорија Работа Резултат Ref.
2019 година Primetime Emmy награди Извонредна споредна женска улога во ограничена серија или филм Фосе/Вердон| Победничка [42]
2020 година Телевизиски награди од изборот на критичарите Победничка [43]
Награди на здружението на актерите на екранот Извонредна изведба на актерка во филм Беше еднаш во Холивуд| Победничка [44]
2021 година награда Ирис Најдобра актерка Победничка [45]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „InStyle Magazine Covers: 1995“. In Style Magazine. Посетено на May 22, 2016.
  2. Zee, Michaela. „7 Facts to Know About Margaret Qualley – Andie MacDowell Daughter Celebrity Model Fashion“. L'Officiel USA. Посетено на October 27, 2021.
  3. „The two lives of Andie MacDowell“. main.nc.us. Посетено на October 18, 2019.
  4. Rovzar, Chris. „Rainey and Margaret Qualley on Their Singing and Acting Careers“. HWD (англиски). Посетено на July 24, 2017.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „Introducing indie actress Margaret Qualley“. Evening Standard (англиски). June 14, 2017. Посетено на July 25, 2017.
  6. „Margaret Qualley's father built a house behind her school“. LadyFirst (англиски). Посетено на October 18, 2019.
  7. Franco, Jose. „MacDowell to wed former Gaffney classmate“. Hendersonville Times-News (англиски). Посетено на October 18, 2019.
  8. „Marion St. Pierre MacDowell Obituary - Newton, NC“. Dignity Memorial (англиски). Посетено на October 18, 2019.
  9. „MacDowell Colony“. Town and Country Magazine. Посетено на November 14, 2016.
  10. „Debutantes in movies: Stars of stage and screen“. NOLA.com. Посетено на August 14, 2015.
  11. Празен навод (help)
  12. „Andie MacDowell's Daughters Make the Move to LA“. The Daily Truffle. September 2, 2016.
  13. mediaslide.com. „Margaret Qualley | Uno models Barcelona & Madrid“. Посетено на July 25, 2017.
  14. 14,0 14,1 „Margaret Qualley – Model“. MODELS.com. Посетено на July 25, 2017.
  15. „Chanel F/W 12 Show (Chanel)“. MODELS.com. Посетено на July 25, 2017.
  16. mediaslide.com. „Margaret Qualley | Uno models Barcelona & Madrid“. Посетено на July 25, 2017.
  17. „Margaret Qualley | Ralph Lauren“. IMG Models. October 20, 2016. Посетено на July 25, 2017.
  18. „IMG Models, Margaret Qualley – Model“. IMG Models. Посетено на December 10, 2015.
  19. „Margaret Qualley profile“. unomodels.com. Архивирано од изворникот на March 4, 2016. Посетено на December 10, 2015.
  20. „#TheGirlOfNow: Margaret Qualley | Vs. Magazine“. Vs. Magazine (англиски). Архивирано од изворникот на September 15, 2017. Посетено на July 24, 2017.
  21. 21,0 21,1 „Margaret Qualley – Verge“. www.verge.is (англиски). Посетено на July 25, 2017.
  22. Kit, Borys (September 22, 2016). „Ryan Gosling and Russell Crowe Thriller 'Nice Guys' Casts Female Leads“. The Hollywood Reporter. Посетено на September 17, 2014.
  23. Novitiate (2017), Посетено на July 24, 2017
  24. „Novitiate - 2017 - ComingSoon.net“. ComingSoon.net (англиски). Посетено на July 24, 2017.
  25. Yamato, Jen. „Toronto premiere 'Donnybrook' charts a dark journey into America's heartland and the roots of white rage“. Los Angeles Times. Посетено на September 8, 2018.
  26. Montgomery, Daniel (April 4, 2019). „Nick Robinson and Margaret Qualley ('Native Son') on the controversial story: 'Nobody in this film gets away scot-free' [EXCLUSIVE VIDEO INTERVIEW]“. GoldDerby (англиски). Посетено на April 17, 2019.
  27. Petski, Denise (November 19, 2018). 'Fosse/Verdon' FX Limited Series Rounds Out Cast; Norbert Leo Butz & Margaret Qualley Set As Series Regulars“. Deadline Hollywood. Посетено на July 16, 2019.
  28. Nordyke, Kimberly (July 16, 2019). „Emmys: HBO, 'Game of Thrones' Dominate Nominations“. The Hollywood Reporter. Посетено на July 16, 2019.
  29. 'Once Upon a Time in Hollywood' Adds Rumer Willis, Margaret Qualley and Damon Herriman“. TheWrap (англиски). August 28, 2018. Посетено на September 8, 2018.
  30. Tartaglione, Nancy (March 14, 2018). „Kristen Stewart To Play Icon Jean Seberg In Political Thriller 'Against All Enemies'; Jack O'Connell, Anthony Mackie Also Star“. Deadline Hollywood. Посетено на September 10, 2019.
  31. Russian, Ale (January 22, 2020). „Olivia Wilde Directs Margaret Qualley in First Trailer for 'Wild and Strange' Short Film Wake Up“. People. Посетено на January 22, 2020.
  32. Keslassy, Elsa (February 8, 2019). „Sigourney Weaver, Margaret Qualley to Star in 'My Salinger Year' (EXCLUSIVE)“. Variety. Посетено на May 23, 2019.
  33. Andreeva, Nellie (August 26, 2020). „Margaret Qualley To Headline Netflix's Dramedy Series 'Maid' Produced By John Wells & Margot Robbie“. Deadline Hollywood. Посетено на October 4, 2021.
  34. Fleming, Mike Jr. (February 14, 2020). „Scott Cooper To Direct Margaret Qualley In 'A Head Full Of Ghosts' For Cross Creek, Team Downey, The Allegiance Theater – EFM“. Deadline Hollywood. Посетено на August 15, 2020.
  35. Wiseman, Andreas (February 18, 2020). „A24 Swoops On North American Rights To Claire Denis' Next Movie 'The Stars At Noon' With Robert Pattinson & Margaret Qualley To Star – EFM“. Deadline Hollywood. Посетено на August 15, 2020.
  36. Brzeski, Patrick (July 7, 2021). „Cannes: Taron Egerton to Star in Claire Denis' 'Stars at Noon'. The Hollywood Reporter. Посетено на October 4, 2021.
  37. „L'Américaine: The Paris Collection Film | Tory Daily“. Tory Burch. Посетено на July 25, 2017.
  38. Vine, Richard (August 31, 2016). „Spike Jonze gets freaky for Kenzo – where film meets beauty“. The Guardian. Посетено на September 1, 2016.
  39. „Soko's New Video Is An Emo Rainbow Goth Girl Wonderland“ (англиски). Посетено на July 25, 2017.
  40. Haskell, Rob (November 22, 2019). „Margaret Qualley's Breakout Year“. MagazineC. Посетено на November 23, 2019.
  41. Harrison, Ellie (September 29, 2021). „Shia LaBeouf's ex-girlfriend Margaret Qualley on FKA twigs's abuse allegations: 'It's important that she knows I believe her'. The Independent. Архивирано од изворникот на October 27, 2021. Посетено на October 27, 2021.
  42. „Margaret Qualley“. emmys.com. Academy of Television Arts & Sciences. Посетено на May 8, 2020.
  43. Hammond, Pete (December 8, 2019). 'The Irishman', 'Once Upon A Time In Hollywood' Lead Critics' Choice Nominations; Netflix Dominates With 61 Noms In Movies And TV“. Deadline Hollywood. Посетено на May 8, 2020.
  44. Hipes, Patrick (December 11, 2019). „SAG Awards Nominations: 'Bombshell', 'The Irishman', 'Once Upon A Time In Hollywood' Top Film List, 'Maisel,' 'Fleabag' Score In TV – Complete List Of Noms“. Deadline Hollywood. Посетено на October 27, 2021.
  45. Charles-Henri Ramond, "La déesse des mouches à feu en tête des nominations". Films du Québec, April 26, 2021.

 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]