Мара Билбилоска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мара Билбилоска
Родена 1920 година
Кленоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починала 6 октомври, 1943 година
Кленоец, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонка
Спомен обележје од НОВ, во селото Кленоец на кое е испишано името на Мара Билбилоска

Мара Рафева Билбилоска ( 1920 во Кленоец, Кичевско6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) — поддржувач на македонските партизани, активист во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Израснала во селско работничко семејство. Како младинка била вклучена во воспитните групи во селото. Го помагала ослободителното движење и извршувала партиски задачи. При извршувањето на една таква задача во селото, била убиена од балистите на 6 октомври 1943 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 42.