Мара Ѓорѓевиќ
Мара Ѓорѓевиќ | ||
Родена | 31 јануари 1916 Одобешти, Романија | |
---|---|---|
Починала | 22 јануари 2003 Панчево, Србија | |
Занимање | пејачка |
Мара Ѓорѓевиќ (Одобешти, Романија, 31 јануари 1916 - Панчево, Србија, 22 јануари 2003) — македонска и српска пејачка, позната по своите македонски тетовски и косовски песни.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Ѓорѓевиќ е родена на 31 јануари 1916 година во Одобешти, во источна Романија во печалбарско семејство од татко на Александар Ацо Мишовиќ и мајка Руса Џилевиќ, родени Тетовчани. Истата година, во јули, од астма добиена уште додека бил во Америка починал нејзиниот татко, а нејзината мајка, со неа во рацете и тригодишниот син Јован, веднаш по погребот го поминуваат пеколот на Првата светска војна и на крајот некако успеваат безбедно од Одобешти да стигнат во Тетово. Во Тетово Мара Ѓорѓевиќ ја поминала младоста и завршила за живачка во занаетчиското жеснко училиште. Имала желба да учи учителска школа во Скопје, но не успеала, бидејќи паднала на приемниот за музика. Претседател на приемниот бил Стеван Шијачки, познат српски играорец и композитор на служба во Скопје. Шијачки во јануари 1941 година исто така бил во жирито во Радио Скопје и и доделил прво место на Ѓорѓевиќ како вокален солист, како најдобра меѓу 85 кандидати. Кога дознал за нејзиниот случај, тој реко: „Мое дете, веројатно тогаш си имала проблем со слухот, а сега веќе ти се равил". На 20 мај 1934 година во Тетово се омажила за Слободан Ѓорѓевиќ, наставник, познат тетовски спортист, пејачи и музичар, инаку Шумадинец по потекло, родум од Јабучје кај Лајковец. Таму се родиле и нивните два сина: Драгиша и Војкан. Додека живеела во Тетово, често знаела да запее, а кога станала попозната честопати била замолувана да пее. Со тек на време станала доста популарна и се истакнувала со своите тетовски песни, а подоцна и со селењето во Призрен на Косово и по косовските народни песни. Најголем придонес за нејзините тетовски песни дал Ноне Грнчар, познат тетовски пејач од тоа време од кого Ѓорѓевиќ научила многу песни. За време на втората светска војна нејзиниот сопруг и брат заминуваат како партизани. Нејзиниот сопруг ја преживува војната, но нејзиниот брат не. Тој се разболува од туберкулоза и веднаш го враќаат во Тетово, каде набрзо починал. Со сопругот од 1945 до 1950 година живеела во Приштина. Таму поради сличноста на песните со тетовските, научила многу песни и почнала да ги пее. Од 1950 година се селат во Панчево, каде многу често пеела за Радио Белград. Во Панчево се пензионирала. Починала во Панчево на 22 јануари 2003 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Мара Ђорђевић; ПЕСМЕ СА КОСОВА И МЕТОХИЈЕ Компакт диск у издању ПГП РТС-а 2000. © РТС
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ЂОРУШИЦЕ, ЦРНО ОКО - на YouTube;
- Сплет песни - на YouTube;