Прејди на содржината

Марат Измајлов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марат Измајлов
Лични податоци
Полно име Марат Наилевич Измајлов
Роден на 21 септември 1982(1982-09-21)(43 г.)
Роден во Москва, СССР
Држава Русија Русија
Висина &100000000000001720000001,72 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2018 (35 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001-2007 Локомотив Москва Локомотив Москва 124 (20)
2007-2013 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 81 (13)
2013-2014 Порто Порто 13 (1)
2014Габала Габала 14 (1)
2014-2017 Краснодар Краснодар 29 (2)
2017 Арарат Москва 4 (2)
Репрезентација
2002-2012 Русија Русија 35 (2)

Марат Наилевич Измајлов (роден на 21 септември 1982 година, во Москва) — руски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден во Москва, Измајлов е волшки татар, додека неговите предци потекнуваат од селото Семјоновка во Нижегородската област.[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Локомотив Москва

[уреди | уреди извор]
Измајлов со екипата на Локомотив Москва

Измајлов ја започнал својата кариера Локомотив Москва, каде пробивајќи се низ младинските редови направил молскавичен напредок во период од шест месеци. Своето деби за првиот тим го направил во 2001 година и од тој момент набргу потоа станал важен член на Локомотив, помагајќи му на московскиот клуб да ги освои титулите во Премиер лигата на Русија во 2002 и 2004, а пред тоа, тој ја добил наградата за „Најдобар млад играч“ во својата дебитантска сезона во 2001 година.[2] Сепак, и покрај импресивните настапи тој често бил и надвор од игра поради повреди.[3]

На 24 октомври 2001, Измајлов го постигнал првиот гол во Лигата на шампионите во својата кариера,[4] во победата со 5-1 на гостувањето кај белгискиот Андерлехт.[5]

Спортинг Лисабон

[уреди | уреди извор]
Измајлов играјќи за Спортинг Лисабон против Металист во четвртфиналето на Лига Европа во сезоната 2011-2012.

Во јули 2007 година, Измаилов му се приклучил на Спортинг Лисабон на позајмица со право на откуп. Своето деби за клубот го направил во Суперкупот на Португалија на 11 август, против Порто во Леирија. Натпреварот завршил 1-0 за „лавовите“, а единствениот гол во натпреварот го постигнал тој во 75-тата минута, со удар од далечина; тој исто така настапил во тој натпревар со повреда.[6]

На 6 октомври 2007 година, влегувајќи од клупата, Измајлов придонел со два доцни гола (негови први во португалското првенство) за победата од 3–0 на домашен терен против Виторија Гимараеш.[7] На 22 март 2008, тој го промашил одлучувачкиот пенал во финалето на Лига купот на Португалија, што Спортинг го чинело пораз од Виторија Сетубал. Сезоната 2007-2008, Измајлов ја завршил со 47 одиграни натпревар и 8 постигнати гола во сите натпреварувања, додека Спортинг завршил на второто место во првенството и го освоил Купот на Португалија.[8] Во текот на летото 2008, тој потпишал перманентен договор со Спортинг, кој му платил на Локомотив 4.5 милиони евра.[9][10][11]

По добрите две сезони, во сезоната 2009-2010, физичките проблеми на Измајлов повторно се појавиле, и тој минал повеќе од три месеци надвор од терените поради повреда на коленото.[12] Повредите продолжиле да го измачуваат и во следните години, така што тој одиграл помалку од 40 натпревари вкупно во последните три сезони во клубот. Дресот на Спортинг го носел до 2013 година, со вкупно 142 одиграни натпревари и 20 постигнати гола.

Порто и Габала

[уреди | уреди извор]
Измајлов во дресот на Порто, за време на пријателски натпревар против Марсеј во летото 2013

На 7 јануари 2013 година, откако ги поминал соодветните медицински прегледи, Измајлов му се приклучил на Порто со договор од две и пол години, додека Мигел Лопеш се преселил во спротивната насока.[13] На 19 јануари 2013, во својот втор натпревар со Порто, Измајлов го постигнал својот прв гол за клубот, запечатувајќи ја победата над Пасош де Фереира на домашен терен со 2-0.[14]

Откако во сезоната 2013-2014 не одиграл ниту еден натпревар за Порто, минувајќи четири месеци во неговата земја поради семејни причини, на 31 јануари 2014, Измајлов заминал на позајмица до крајот на сезоната во азербејџанскиот клуб Габала.[15][16] Своето деби за клубот кој од клупата го водел Јури Семин, неговиот поранешен тренер од Локомотив Москва, Измајлов го имал на 8 февруари во натпревар од првенството против Карабах, загубен на домашен терен со 0-1. Сезоната ја завршил со 14 настапи и еден постигнат гол (во победата со 3-1 над Баку) во првенството.

Тој, исто така, постигнал гол во финалето на Купот на Азербејџан против Нефчи, но бил еден од трите играчи на Габала кој промашиле во пенал-рулетот што резултитало со пораз за тимот од 3-2.[17]

Краснодар

[уреди | уреди извор]
Измајлов со Краснодар во 2015.

На 16 јули 2014, се вратил во својата татковина приклучувајќи му се на Краснодар, на позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната.[18] Својот прв гол во рускиот фудбал по седум години, Измајлов го постигнал на 14 август 2014 година, отворајќи го резултатот во победата од 4–0 на над Спартак Москва.[19]

Измајлов одиграл 31 натпревар и постигнал еден гол во сите натпреварувања за Краснодар во сезоната 2014-2015, но рускиот клуб сепак одлучил да не го задржи иако неговиот договор со Порто истекол во јули 2015.[20] По една година без фудбал, на 20 јули 2016, тогаш веќе 33-годишниот Измајлов се вратил во Краснодар потпишувајќи едногодишен договор.[21]

На 15 март 2017, после 11 натпревари и 2 постигнати гола, тој се разделил со клубот со взаемна согласност за раскинување на договорот.[22]

Арарат Москва

[уреди | уреди извор]

На 9 јуни 2017 година, Измајлов се приклучил на клубот Втората лига (трето ниво), Арарат Москва, каде што играл заедно со поранешните руски репрезентативци Роман Павлјученко и Алексеј Ребко.[23] На 26 септември, неговиот договор со клубот бил раскинат,[24] а не долго потоа ја заршил својата играчка кариера.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Измајлов на тренинг со руската репрезентација во 2012

Своето деби за руската репрезентација, Измајлов го направил на само 19 години, влегувајќи како замена на местото на Егор Титов во пријателскиот натпревар против Грција (0-0) одигран на 15 август 2001.[25]

Повикан од селекторите Олег Романцев и Георги Јарцев, тој бил дел од составот на репрезентацијата на Светското првенство 2002 и Европското првенство 2004, играјќи по два натпревари и на двата турнири, на кој Русија не успеала да ја мине групната фаза. Откако по пауза од шест години, во мај 2012 бил повикан повторно во репрезентацијата од селекторот Дик Адвокат и настапил во пријателските натпревари против Уругвај и Литванија, Измајлов се нашол во тимот на Русија кој настапил на Европското првенство 2012; таму одиграл два натпревари влегувајќи како замена, против домаќинот Полска (1-1), и во поразот со 1-0 од Грција, резултат кој и покрај четирите освоени бода не и дозволил на Русија да ја мине групата.

Вкупно за репрезентацијата одиграл 35 натпревари и постигнал 2 гола, првиот против Естонија (4-0), а вториот во успехот со 5-1 над Луксембург, и двата во квалификациите за Светското првенство 2006.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Русија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
15-8-2001МоскваРусија Русија0 – 0Грција ГрцијаПријателска-влегол во игра 62'
1-9-2001ЉубљанаСловенија Словенија2 – 1Русија РусијаКвал. за СП 2002-влегол во игра 46' добил жолт картон во 65-тата минута 65'
5-9-2001ТоршавнФарски Острови Фарски Острови0 – 3Русија РусијаКвал. за СП 2002-
6-10-2001МоскваРусија Русија4 – 0Швајцарија ШвајцаријаКвал. за СП 2002-
13-2-2002ДаблинИрска Ирска2 – 0Русија РусијаПријателска-влегол во игра 53'
27-3-2002ТалинЕстонија Естонија2 – 1Русија РусијаПријателска-
17-4-2002Сен ДениФранција Франција0 – 0Русија РусијаПријателска-
19-5-2002МоскваРусија Русија1 – 1 прод.
(5 – 6 пен.)
СР Југославија СР ЈугославијаЕлџи куп 2002 - натп. за 3. место-заменет 46'
5-6-2002КобеРусија Русија2 – 0Тунис ТунисСП 2002 - Прва фаза-заменет 78'
9-6-2002ЈокохамаЈапонија Јапонија1 – 0Русија РусијаСП 2002 - Прва фаза-заменет 52'
30-4-2003ТбилисиГрузија Грузија1 – 0Русија РусијаКвал. за Евро 2004-заменет 46'
10-9-2003МоскваРусија Русија4 – 1Швајцарија ШвајцаријаКвал. за Евро 2004-влегол во игра 55'
11-10-2003МоскваРусија Русија3 – 1Грузија ГрузијаКвал. за Евро 2004-влегол во игра 46'
15-11-2003МоскваРусија Русија0 – 0Велс ВелсКвал. за Евро 2004-влегол во игра 46'
19-11-2003КардифВелс Велс0 – 1Русија РусијаКвал. за Евро 2004-
28-4-2004ОслоНорвешка Норвешка3 – 2Русија РусијаПријателска-заменет 46'
25-5-2004ГрацАвстрија Австрија0 – 0Русија РусијаПријателска-влегол во игра 46'
12-6-2004ФароШпанија Шпанија1 – 0Русија РусијаЕвро 2004 - Прва фаза-заменет 74'
16-6-2004ЛисабонПортугалија Португалија2 – 0Русија РусијаЕвро 2004 - Прва фаза-заменет 72'
17-11-2004КраснодарРусија Русија4 – 0Естонија ЕстонијаКвал. за СП 20061
9-2-2005КаљариИталија Италија2 – 0Русија РусијаПријателска-заменет 67'
26-3-2005ВадуцЛихтенштајн Лихтенштајн1 – 2Русија РусијаКвал. за СП 2006-влегол во игра 67'
4-6-2005Санкт ПетербургРусија Русија2 – 0Латвија ЛатвијаКвал. за СП 2006-влегол во игра 81'
8-6-2005МенхенгладбахГерманија Германија2 – 2Русија РусијаПријателска-влегол во игра 81'
3-9-2005МоскваРусија Русија2 – 0Лихтенштајн ЛихтенштајнКвал. за СП 2006-
7-9-2005МоскваРусија Русија0 – 0Португалија ПортугалијаКвал. за СП 2006-заменет 75'
8-10-2005МоскваРусија Русија5 – 1Луксембург ЛуксембургКвал. за СП 20061заменет 55'
12-10-2005БратиславаСловачка Словачка0 – 0Русија РусијаКвал. за СП 2006-
16-8-2006МоскваРусија Русија1 – 0Латвија ЛатвијаПријателска-заменет 76'
6-9-2006МоскваРусија Русија0 – 0Хрватска ХрватскаКвал. за Евро 2008-
7-10-2006МоскваРусија Русија1 – 1Израел ИзраелКвал. за Евро 2008-влегол во игра 57'
25-5-2012МоскваРусија Русија1 – 1Уругвај УругвајПријателска-заменет 77'
29-5-2012НионЛитванија Литванија0 – 0Русија РусијаПријателска-заменет 46'
12-6-2012ВаршаваПолска Полска1 – 1Русија РусијаЕвро 2012 - Прва фаза-влегол во игра 79'
16-6-2012ВаршаваГрција Грција1 – 0Русија РусијаЕвро 2012 - Прва фаза-влегол во игра 81'
Вкупно Настапи 35 Голови 2

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 2 септември 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2001Русија Локомотив Москва296КР30------326
2002142КР00ЛШ+КУ8[26]+22[27]+1-00161
2003275КР10ЛШ40СР10335
2004182КР31ЛШ8[26]1---293
2005164КР11---СР10185
2006161КР00ЛШ+КУ1[28]+60---231
200740КР20КУ20---80
Вкупно Локомотив Москва124201023142016726
2007-2008Португалија Спортинг ЛисабонПЛ234КП+ЛКП5+71+2ЛШ+КУ6+50СП11478
2008-2009ПЛ223КП+ЛКП2+40+1ЛШ60СП10354
2009-2010ПЛ131КП+ЛКП2+31+0ЛЕ50---232
2010-2011ПЛ30КП+ЛКП00ЛЕ00---30
2011-2012ПЛ135КП+ЛКП1+20ЛЕ9[26]1---256
2012-јан. 2013ПЛ70КП+ЛКП00ЛЕ20---90
Вкупно Спортинг Лисабон81132653312114220
јан.-јун. 2013Португалија ПортоПЛ131КП+ЛКП0+10ЛШ10---151
2013-јан. 2014ПЛ00КП+ЛКП00ЛШ10СП0010
Вкупно Порто131102000161
јан.-јун. 2014Азербејџан ГабалаПЛ141КА41------182
2014-2015Русија КраснодарПЛ221КР10ЛЕ8[29]0-00311
2016-2017ПЛ71КР11ЛЕ3[28]0-00112
Вкупно Краснодар2922111000423
2017-2018Русија Арарат Москва42---------42
Вкупно во кариерата265394397754138954

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови
Русија Русија 200140
200260
200350
200451
200581
200630
201240
Вкупно352

Локомотив Москва

[уреди | уреди извор]
2002, 2004
2000-2001, 2006-2007
2003, 2005

Спортинг Лисабон

[уреди | уреди извор]
2007-2008
2007, 2008
2012-2013

Поединечни

[уреди | уреди извор]
  1. „Четвертые "Фаизхановские чтения": первые итоги“. Архивирано од изворникот на 2009-07-01.
  2. Нигматуллин признан лучшим футболистом России, а Измайлов – лучшим дебютантом (на руски)
  3. Ринат Билялетдинов: "С Измайловым творится что-то непонятное" (на руски)
  4. Измајлов постигнал гол и во третата квалификациска рунда против Тирол Инсбрук, но УЕФА тие голови ги смета одделно.
  5. Five-star Lokomotiv sink Anderlecht[мртва врска]; UEFA, 24 October 2001.
  6. Первый гол за "Спортинг" Измайлов забил травмированной ногой (на руски)
  7. "Bis" de Izmailov dá segundo lugar ao Sporting“ [Izmailov "brace" gives second place to Sporting]. Açoriano Oriental (португалски). 6 October 2007. Посетено на 2 January 2019.
  8. „Sporting vence Taça de Portugal“ [Sporting win Portuguese Cup]. Expresso (португалски). 18 May 2008. Архивирано од изворникот на 3 October 2017. Посетено на 2 January 2019.
  9. A Bola: "Шахтер" и киевское "Динамо" хотят приобрести Измайлова (на руски)
  10. Марат Измайлов: "Думаю только о "Спортинге" и переговоров ни с кем не веду" (на руски)
  11. Марат Измайлов: "Сегодня не вижу смысла в переходе в ПСЖ" (на руски)
  12. Izmaylov to miss Sporting qualifiers UEFA, 14 July 2009.
  13. Izmaylov and Miguel Lopes switch clubs, but who stands to benefit from the deal? Архивирано на 8 ноември 2013 г.; PortuGOAL, 8 January 2013
  14. Porto squeeze past resilient Paços Архивирано на 24 мај 2013 г.; PortuGOAL, 19 January 2013
  15. „Izmailov vai ser emprestado ao FC Gabala até final da época“ [Izmailov will be loaned to FC Gabala until end of the season] (португалски). Rádio e Televisão de Portugal. 30 January 2014. Посетено на 30 January 2014.
  16. „Marat Izmailov in Gabala“. Gabala FK. 31 January 2014. Посетено на 31 January 2014.
  17. „Neftchi nerve holds in Azerbaijan Cup final“ (англиски). UEFA. 22 мај 2014. Посетено на 30 август 2025.
  18. Игроком "Краснодара" стал Марат Измайлов [Marat Izmailov became a Krasnodar player] (руски). FC Krasnodar. 16 July 2014. Архивирано од изворникот на 25 July 2014. Посетено на 16 July 2014.
  19. „Brasileiros brilham, e Krasnodar goleia Spartak Moscou; veja os gols“ [Brazilians shine, and Krasnodar rout Spartak Moscow; watch the goals] (португалски). ESPN Brasil. 14 August 2014. Архивирано од изворникот на 3 January 2019. Посетено на 2 January 2019.
  20. Измайлов стал свободным агентом [Izmailov a free agent] (руски). Championat. 27 July 2015. Посетено на 3 August 2015.
  21. „Show more. Official site FC Krasnodar“ МАРАТ ИЗМАЙЛОВ ОФИЦИАЛЬНО СТАЛ ИГРОКОМ "КРАСНОДАРА" [Marat Izmailov officially became a Krasnodar player] (руски). FC Krasnodar. 20 July 2016. Посетено на 20 July 2016.
  22. „Show more. Official site FC Krasnodar“ Марат Измайлов покинулФК Краснодар [Marat Izmailov left FC Krasnodar] (руски). FC Krasnodar. 15 March 2017. Посетено на 15 March 2017.
  23. "Арарат" подписал контракт с Маратом Измайловым [Ararat signed a contract with Marat Izmailov] (руски). Ararat Moscow. 9 June 2017. Посетено на 9 June 2017.
  24. Марат Измайлов покидает "Арарат" [Marat Izmailov is leaving Ararat] (руски). VK. 26 September 2017. Посетено на 26 September 2017.
  25. „New blood boosts Russian hopes“. UEFA. 4 June 2002. Архивирано од изворникот на 9 December 2013. Посетено на 20 July 2016.
  26. 1 2 3 2 настапи во квалификациските кола.
  27. 1 гол во квалификациските кола.
  28. 1 2 1 настап во квалификациските кола.
  29. 3 настапи во квалификациските кола.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]