Маодо Ло
|
Маодо Ло (роден на 31 декември 1992 година) е германски кошаркар, плејмејкер на Олимпија Милано и на германската репрезентација.
Ло играл колеџ кошарка на Универзитетот Колумбија во Њујорк четири години во периодот 2012-2016. Се пријавил на НБА драфтот 2016, но откако не бил избран од ниту една екипа се вратил во својата родна Германија, каде потпишал договор со Брозе Бамберг. За таа екипа играл до 2018 година, кога преминал во Бајерн Минхен, две години подоцна потпишал за Алба Берлин.
За германската репрезентација настапува од 2014 година, а досега учествувал на две Европски (2015 и 2017) и едно Светско првенство (2019).
Биографија
[уреди | уреди извор]Ло е роден во Берлин во 1992 година како син на татко сенегалец и мајка Елвира Бах - меѓународно призната германска сликарка.[1]
Колеџ кариера
[уреди | уреди извор]Ло играл колеџ кошарка на Универзитетот Колумбија во Ајви лигата. Наречен Претседателот од фановите на Колумбија, Ло имал просек од 14,5 поени по натпревар во текот на неговата четиригодишна колеџ кариера. Во 2016 година, тој ја предводел Колумбија до титулата на CIT турнирот каде бил избран и за најкорисен играч на турнирот.
Професионална кариера
[уреди | уреди извор]НБА
[уреди | уреди извор]Откако не бил избран на НБА драфтот 2016, Ло се приклучил на екипата на Филаделфија 76ерс во нивниот тим за летната лига.
Брозе Бамберг (2016–2018)
[уреди | уреди извор]На 22 јули 2016 година, Ло потпишал договор со германската екипа Брозе Бамберг.[2] Во неговата прва сезона со Бамберг, Ло освоил двојна круна: германското првенство и Купот на Германија. Ло играл и во Евролигата, каде просечно бележел 5,3 поени и 1,2 асистенции за 10,5 минути по натпревар.[3]
Во неговата втора сезона со Брозе, тимот завршил 4-ти во регуларниот дел од сезоната. Во полуфиналето Бамберг бил елиминиран од Бајерн Минхен.
Бајерн Минхен (2018–2020)
[уреди | уреди извор]На 13 јули 2018, Ло потпишал двегодишен договор со Бајерн Минхен.[4] Со баварците освоил уште една титула во германското првенство во сезоната 2018-2019.
Алба Берлин (2020–)
[уреди | уреди извор]На 22 јули 2020, потпишал со Алба Берлин.[5] Во сезоната 2020-2021, ја освоил својата трета титула во кариерата во германското првенство со трета различна екипа, придонесувајќи со 9,2 поени, 1,9 скока и 3,6 асистенции.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Ло е репрезентативец на Германија од 2014 година.[6]
Бил избран да учествува на Европското првенство 2015 каде имал просек од 4,6 поени, 1,2 скокови и 1,4 асистенции по натпревар.
Четири години подоцна, учествувал на Светското првенство 2019 каде имал просек од 6 поени, 2,8 скокови и 3,2 асистенции по натпревар.
Титули и награди
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Брозе Баскет
[уреди | уреди извор]- 2016-2017
- Куп на Германија : 1
- 2017
Бајерн Минхен
[уреди | уреди извор]- 2018-2019
Алба Берлин
[уреди | уреди извор]- 2020-2021
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hermsmeier, Lukas (2015-03-16). „Berliner Basketballer in den USA: Maodo Lo, der gefragte Kleptomane“. Der Tagesspiegel. Посетено на 2015-04-08.
- ↑ Brose Baskets add Lo to their roster
- ↑ EuroLeague statistics
- ↑ „Maodo Lo signs two-year deal with Bayern Munich“. 13 July 2018. Посетено на 13 July 2018.[мртва врска]
- ↑ „Maodo Lo officially leaves Bayern Munich“. Sportando (англиски). July 22, 2020. Посетено на July 22, 2020.
- ↑ Burkhard Schröder. „Maodo Lo - Ein DBVer wird Nationalspieler“. DBV Charlottenburg. Посетено на 2 August 2015.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Маодо Ло на Basketball-reference.com, Sports Reference LLC.
- Маодо Ло на realgm.com, RealGM LLC.
- Маодо Ло на Eurobasket.com
|