Мануел Нориега

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мануел Нориега
Manuel Noriega mugshot cropped.jpg
Слика после предавањето на американските сили
Воен водач на Панама
На должноста
August 12, 1983 – December 20, 1989
Претседател Рикардо де ла Есприела
Џорџ Илуека
Николас Ардито Барлета Валарино
Ерик Артуро Делвале
Мануел Солис Палма
Франциско Родригез
Претходник Рубен Дарио Паредес
Лични податоци
Роден(а) Мануел Нориега Морено
февруари 11, 1934(1934-02-11)[б 1]
Панама Сите, Панама
Починал(а) мај 29, 2017(2017-05-29) (возр. 83)
Панама Сити, Панама
Сопружник Фелицидад Сиеиро де Нориега (1960–2017; неговата смрт)
Деца 3
Установа Воената школа Хорилос
Америчка школа
Мануел Нориега
ПресудиЗлосторства против човештвото
Перење пари
Воена служба
Припадност Панама Панама
Род Одбранбени сили на Панама
Траење 1967–1990
Чин генерал
Заповеда со Одбранбени сили на Панама
Битки/војни Инвазија на Панама

Мануел Антонио Нориега Морено (шпански: Manuel Antonio Noriega Moreno; 11 февруари 1934 година - 29 мај 2017 година [1]) бил генерал и воен диктатор на Панама од 1983 година до 1989 година година.

Нориега бил соработник на ЦИА од крајот на 50-тите години на минатиот век. Тој ја презел власта во 1983 година и бил еден од најважните сојузници на Америка, сè до американската инвазија на Панама во 1989 година, кога САД се откажаа од него под обвинение за трговија со дрога и перење пари. Нориега бил фатен на дело и префрлен во САД. Му се судело во 1992 година, а казната ја одлежал во 2007 година. Соединетите држави ѝ го доставле на Франција на 27 април 2010 година за таму да му биде судено за перење пари.

Биографија[уреди | уреди извор]

Нориега е роден во Панама Сити на 11 февруари 1934 година. Тој се одлучил за кариера како професионален војник. Најголемиот дел од образованието го добил во перуанското воено училиште Хориолос во Лима. Тој исто така се стекнал со обука за разузнавање и контраразузнавање на Американското училиште во Форт Галиќ во 1967 година, како и курс за психолошки операции во Форт Браг, Северна Каролина. Тој бил унапреден во член на Панамската национална гарда во 1967 година, а бил унапреден во поручник во 1968 година. Се тврди дека тој направил воен заговор за отстранување на Арнолфо Аријас од власта, иако според Нориега, не биле вклучени ниту тој ниту неговиот ментор Омар Торијос. Во борбата за моќ што следела, вклучително и неуспешниот државен удар во 1969 година, Нориега го поддржал Торијос. Торијос го унапредил во чин потполковник и го назначил за началник на воената разузнавачка служба.

Омар Торијос го наследи Флоренсио Флорес Агилар како командант на Панамската национална гарда. Следната година го наследи Рубен Дарио Паредес, а Нориега станал началник на штабот. Паредес се повлекол од таа позиција со цел да се кандидира за претседател и да го назначил Нориега за негов наследник.

Соработка со ЦИА[уреди | уреди извор]

Иако Нориега не бил договорно поврзан со ЦИА сè до 1967 година, Нориега работел со ЦИА од доцните 1950-ти до 1989 година и бил на нејзиниот платен список до 5 февруари 1988 година, кога службата против наркотиците поднесла обвинение против него.

Во 1988 година, Поткомитетот за тероризам, наркотици и меѓународни операции на Сенатот заклучил дека „сагата за панамскиот генерал Мануел Антонио Нориега е еден од најголемите надворешно-политички неуспеси на Соединетите држави“. Во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, Нориега успеал да ја изманипулира американската политика кон својата земја, додека истовремено вешто собирал скоро апсолутна моќ во Панама. Јасно е дека секоја американска владина агенција поврзана со Нориега замижувала пред неговата корупција и трговија со дрога, иако тој станувал клучен играч во корист на картелот Меделин (чиј еден член бил познатиот колумбиски наркошеф Пабло Ескобар). На Нориега му било дозволено „да ја воспостави првата наркоклептократија на оваа полутопка“.[2]

Де факто владетел на Панама[уреди | уреди извор]

Нориега ја консолидирал својата позиција како де факто владетел во август 1983 година кога се промовирал во чин генерал. Тој им дал на САД нови привилегии и покрај договорите на Панамскиот Канал, им дозволил на САД да воспостават станици за прислушување во Панама. Тој им помагал на проамериканските герилци во Никарагва како посредник во испраќањето американско ново оружје, според некои тврдења. Сепак, Нориега тврдел дека неговата позиција во тоа време била неутрална, бидејќи им дозволувал на герилците од обете страни слободно да минуваат низ Панама, под услов тие да не ја користат Панама како база за воени операции.

Собранието на Панама го назначило Нориега за „главен извршен директор“ на владата, формализирајќи ја ситуацијата што постоела 6 години.[3] Во октомври 1984 година, Нориега ги дозволил првите претседателски избори во последните 16 години. Кога првичните резултати покажале дека поранешниот претседател Арнолфо Аријас ќе забележи победа, Нориега го запрел пребројувањето. Владата подоцна издала соопштение во кое се наведува дека кандидатот на Демократската револуционерна партија, Николас Ардито Бартлета Валарион, освои тесно мнозинство од 1.713 гласови. Независни проценки велат дека Аријас би победил со разлика од 50.000 гласови, ако изборите биле спроведени регуларно.

Околу исто време, Хуго Спадафора, еден од најгласните критичари на Нориега кој живеел во странство, го обвинил Нориега дека е вклучен во трговијата со дрога и дека имал намера да се врати во Панама за да му се спротивстави. Спадафора бил киднапиран од автобус на границата со Костарика. Неговото обезглавено тело подоцна било пронајдено, со знаци на силно мачење, завиткано во поштенска вреќа. Неговото семејство и други групи повикале на истрага за убиство, но Нориега одбил каков било обид за истрага. Тој бил во Париз за време на убиството, за што бил обвинет командантот на провинцијата Кирикија, Луис Кордоба. Снимен е разговор помеѓу Нориега (од Париз) и Кордоба:

  • Кордоба: „Имаме бесно куче“.
  • Нориега: „А што прави некој со куче кое има беснило?“[3]

Панамскиот претседател Бартлет во тоа време бил во посета на Њујорк. Новинар го прашал за убиството на Спадафор и тој ветил истрага. По враќањето во Панама, тој бил повикан во штабот на панамската армијата и му било наредено да си даде оставка. Како пријател и поранешен студент на Џорџ Шулц, Бартлет се сметал за недопирлив од Соединетите држави, а неговата оставка била пресвртница во односите меѓу САД и Нориега.[3]

Избори во 1989 година[уреди | уреди извор]

Изборите во 1989 година биле контроверзни. Коалицијата предводена од Демократската револуционерна партија го номинирала Карлос Дуку, издавачот на најстариот весник во земјата „Ла Естрела де Панама“. Повеќето други партии се обединиле околу Ѓилермо Ендара, член на Панамската партија на Ариас, со кандидати за потпретседател, Рикардо Ариас Калдерон и Ѓилермо Форма.[3]

Американска инвазија на Панама[уреди | уреди извор]

Соединетите држави воведоа економски санкции против Панама, а односите меѓу американската армија стационирани во зоната на Панамскиот канал и трупите на Нориега се влошиле. На 15 декември 1989 година, панамското собрание изјавило дека Соединетите држави и Панама војуваат. Нориега подоцна тврди дека оваа изјава се однесувала на американските акции против Панама и дека тие не претставувале објавување на војна.[4] Војската на САД продолжила да изведува маневри и операции, како што се операциите „Болва во песок“ и „Организација на виолетова бура“. Акциите на САД биле оправдани со Договорот од Панамскиот канал од 1980 година. помеѓу Торијос и Џими Картер, кој им гарантирал на американските трупи слободен премин во случај на одбрана на Панамскиот канал. Панама сметала дека ова е кршење на договорот.

Од друга страна, силите на Нориега запреле и американски војници и цивили. Три инциденти што се случиле непосредно пред да започне инвазијата, ги спомена американскиот претседател Џорџ Буш како причини за операцијата.[5] Во инцидент што се случил на 16 декември четворица американски војници биле запрени во градот Панама. Министерството за одбрана на САД тврди дека војниците биле невооружени во цивилно возило и дека се обиделе да избегаат само кога нивното возило било опкружено со цивили и панамски војници. Во тој инцидент загинал американски маринец.[6] Панамската војска тврди дека американските војници биле вооружени и биле во извидничка мисија.

Американската инвазија на Панама започнала на 20 декември 1989 година. Загубите од американска страна биле 24 убиени војници и тројца цивили, додека бројот на панамски загуби не е утврден. Генералното собрание на Обединетите нации, со мнозинство од 75:20 и 40 воздржани, ја осуди инвазијата како кршење на меѓународното право.[7][8]

Нориега избегал за време на инвазијата и започнала потера по него. Тој се заканил дека ќе започне герилска војна доколку Ватикан не му даде засолниште. Откриено е дека Нориега се криел во амбасадата на Ватикан во Панама. Тој се предал на 3 јануари 1990 година.[9] Тој бил приведен како воен заробеник, а подоцна бил префрлен во САД.

Судење и смрт[уреди | уреди извор]

Судењето се одржува пред окружниот суд во Мајами. Нориеа бил осудена по осум точки за трговија со дрога, рекетирање и перење пари.

На судењето Нориега направил обид да се одбрани презентирајќи ги кривичните дела за кои бил обвинет како дел од неговата работа за ЦИА. Владата на САД не дозволи какво било откривање на причините поради кои САД му платиле на Нориега затоа што оваа информација е прогласена за тајна и нејзиното откривање би било спротивно на интересите на САД. На прелиминарното сослушување, владата соопштила дека Нориега добил 320 000 американски долари од американската војска и ЦИА, додека Нориега инсистирал на тоа дека „вистинската сума е близу 10.000.000 американски долари и дека ќе треба да му биде дозволено да ги открива задачите што ги извршувал за Соединетите држави“. Окружниот суд смета дека информациите за содржината на тајните мисии во кои Нориега учествувал во замена за наводните плаќања се неважни за неговата одбрана. Судот пресуди дека презентирањето докази за улогата на Нориега во Ција ќе ги збуни на сите.[10]

Нориега бил осуден на 40 години затвор, но на крајот отслужи 17 години по намалена казна за добро однесување. По издржувањето на казната во САД, Нориега бил екстрадиран во Франција во 2010 година, каде бил осуден на 7 години затвор за перење пари. Франција последователно го екстрадирала во Панама, каде што бил затворен и осуден на 20 години затвор за злосторства извршени за време на неговото владеење.[11]

Во 2017 година, тој бил ослободен од затвор и ставен во домашен притвор за да се подготви за операција, откако било откриено дека тој има тумор на мозокот. Нориега починал 29.05.2017 година, на 84 годинни по крварење во мозокот за време на операцијата за отстранување на туморот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Умро бивши војни лидер Мануел Норијега
  2. „Drugs, Law Enforcement and Foreign Policy“ (PDF). United States Government Printing Office. 1988: 3. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Koster, R.M. (1990). In the Time of the Tyrants: Panama, 1968–1990. New York City: Norton. ISBN 978-0-393-02696-2.
  4. Noriega, Manuel and Eisner, Peter. America's Prisoner—The Memoirs of Manuel Noriega. Random House, 1997.
  5. Federal News Service (21. 11. 1989). „Fighting in Panama: The President; A Transcript of Bush's Address on the Decision to Use Force in Panama“. New York Times. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. Huelfer, Evan A. (2000). „The Battle for Coco Solo Panama, 1989“. Infantry Magazine. Архивирано од изворникот на 10. 07. 2012. Посетено на 29. 04. 2010. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)
  7. International Development Research Centre, "The Responsibility to Protect", December 2001, http://www.idrc.ca/openebooks/963-1/ Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски)
  8. New York Times, "After Noriega: United Nations; Deal Is Reached at U.N. on Panama Seat as Invasion Is Condemned", December 1989, http://www.nytimes.com/1989/12/30/world/after-noriega-united-nations-deal-reached-un-panama-seat-invasion-condemned.html?pagewanted=1
  9. Operation Just Cause: Panama Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) Office of the Chairman of the Joint Chiefs of Staff
  10. „United States Court of Appeals, Eleventh Circuit. Nos. 92-4687, 96-4471. UNITED STATES of America, Plaintiff-Appellee, v. Manuel Antonio NORIEGA, Defendant-Appellant“. 7. 7. 1997. Архивирано од изворникот на 16. 07. 2010. Посетено на 28. 4. 2010.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  11. Норијега осуден

Литература[уреди | уреди извор]

  • Koster, R.M. (1990). In the Time of the Tyrants: Panama, 1968–1990. New York City: Norton. ISBN 978-0-393-02696-2.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.