Манси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Манси
Family of Mansi 1901.png
Вкупен број
12,500
Подрачја со значајно население
Ханти-Мансиски автономен округ (Русија)
 Русија12,269 (2010)[1]
 Украина43 (2001)[2]
Јазици
мансиски, руски
Вероисповед
Шаманизам, Православие
Сродни народи
Канти

Мансите (мансиски: Мāньси / Мāньси мāхум, Манси / Манси махум) се угриско домородно население кое живее во Ханти-Мансија, еден автономен округ во Тјумењската област во Русија. Во Ханти-Мансија, хантискиот и мансискиот јазик имаат заеднички службен статус со рускиот. Мансискиот јазикот е еден од постулираните угриски јазици на уралското семејство. Мансите порано биле познати како Вогули .

Заедно со Хантите, Мансите се политички претставени од Здружението за зачувување на Југра, организација основана за време на Перестројката од крајот на 1980-тите. Оваа организација ббила меѓу првите регионални домородни здруженија во Русија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Население на Мансите според пописот од 2002 г. ]
Вкупно Мажи Жени
Вкупно 11.432 5.167 6.265
Тјумењска Област 10.561 4.786 5.775
* Ханти-Мансиски Автономен Округ 9.894 4.510 5,384
Свердловска Област 259 130 129
Република Коми 11 8 3

Според пописот од 2010 година, во Русија имало 12.269 Манси.

Историја[уреди | уреди извор]

Предците на Мансите ги населувале областите западно од Урал.[3] Наоѓалишта на Манси биле откопани во околината на Перм.

Во првиот милениум п.н.е., тие се преселиле во Западен Сибир, каде се асимилирале со домородните жители.[3] Според други, тие потекнуваат од јужниот дел на уралските степи и се преселиле на нивната сегашна местоположба околу 500 н.е.[4]

Мансите биле во контакт со руската држава барем уште од 16 век кога поголемиот дел од западен Сибир бил доведен под руска контрола од страна на Јермак Тимофејевич. Поради нивната поголема изложеност на руска и советска контрола, тие генерално биле повеќе асимилирани од нивните северни соседи, Ханти .

Според легендите, Мансите имале јавано лосови (евроазиски елен) во борба, иако не постои историски доказ за тоа.[5]

Познати Манси[уреди | уреди извор]

  • Матрена Вахрушева (1918–2000), јазичар, филолог, писател; со-писател на првиот манско-руски речник
  • Јуван Шесталов (1937–2011), писател
  • Сергеј Собјанин (р. 1958), градоначалник на Москва
  • Руслан Проводников (р. 1984), боксер
  • Сергеј Устиугов (р. 1992), крос-кантри скијач

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Официальный сайт Всероссийской переписи населения 2010 года. Информационные материалы об окончательных итогах Всероссийской переписи населения 2010 года [Official site of the National Population Census 2010. Informational materials about the final outcome Russian Census 2010] (руски). Русија: GKS.
  2. „National composition of population“. Census (украински). Украина: State statistics committee of Ukraine. 2001.
  3. 3,0 3,1 „The Mansis“. The Peoples of the Red Book. EKI.
  4. „Khanty & Mansi“. Encyclopædia Britannica.
  5. „Finnish media fall for 'Soviet battle moose' hoax, probed by regulator“. RT International. 25 November 2017. Посетено на 17 September 2018.