Манојло Вељановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Манојло Василев Вељановски (1925 во Растојца, Демирхисарско — 28 август 1944 во Кичево) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Манојло Василев Вељановски е роден во селото Растојца. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил во јуни 1944 година. Меѓутоа како симпатизер ја помагал од порано. Припаѓал на Првата македонско-косовска бригада. Загинал во борбите околу Кичево, на 28 август 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)