Манлио Бросио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манлио Џовани Бросио
4-ти Генерален секретар на НАТО
На должноста
1 август 1964 – 1 октомври 1971
Претходник Дирк Стикер
Наследник Јозеф Лунс
Лични податоци
Роден(а) јули 10, 1897(1897-07-10)
Торино, Италија
Починал(а) март 14, 1980(1980-03-14) (возр. 82)
Торино, Италија
Партија Италијанска либерална партија

Манлио Гиованни Бросио (10 јули 1897 година – 14 март 1980) бил италијански адвокат, дипломат, политичар и четвртиот Генерален секретар на НАТО помеѓу 1964 година и 1971 година.

Бросио е роден во Торино и студирал право на локалниот универзитет. За време на Првата светска војна, тој служел во Алпски полк како артилериски офицер. По војната тој дипломирал, и во 1920 година тој влегол во политиката. Подоцна неговата политичка активност била забранета поради неговото спротивставување на фашизмот.

За време на Втората светска војна, по Сојузничката инвазија на Италија во 1943 година; Бросио станал член на Националниот ослободителен одбор. По војната тој повторно влегол во политиката, и станал заменик-премиер, а во 1945 година министер за одбрана.

Во јануари 1947 година, Брисио станал италијански амбасадор во Советскиот Сојуз и се вклучил во мировни преговори меѓу земјите. Во 1952 година тој станал амбасадор во Обединетото Кралство, во САД, и од 1961-1964 во Франција.

На 12 мај 1964 година, НАТО, советот го избрал Бросио да го замени Дирк Стикер како генерален секретар. Тој дал оставка на 3 септември 1971 година. На 29 септември 1971 година, американскиот претседател Ричард Никсон му го доделил претседателскиот „Медал на слободата“.

Бросио починал во Торино. Тој бил чичко на пејачката и телевизиски презентер Внна Бросио.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sergio Miravalle. "Intervista Giorgio e Paolo astigiani celebri". La Stampa. 27 July 1996. p.3.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]