Црква „Св. Димитриј“ - Велес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Великомаченик Димитриј
Sv. Dimitrij-pogled od sever.jpg

Поглед на манастирот Свети Димитрија во Велес

Македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Местоположба
Населено место Велес
Општина Велес
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј
Изградба XIV век
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Манастирот „Св. Димитрија“ се наоѓа на околу два километра јужно од градот Велес во Велешката Клисура, на десната страна од реката Вардар, јужно од реката Тополка и нејзиниот влив во Вардар. Во секој случај постанокот на манастирот датира од постаро време, за коешто ни сведочат извесни историски податоци, запишани од повеќе патеписци, историчари, археолозии раскажување на постари луѓе. Но, како и да е, предност за постанокот на манастирот му се дава на средновековието[1].Не може да се негира и претпоставката оти овој храм потекнува од многу постаро време, кога уште постоел стариот град Вилазора. Само, се разбира, тогашното постоење на манастиорот, не можело да ги има денешните димензии, од XIV век, кога го обновил властелинот на цар Душан, Раденко со својата мајка. До таков заклучок се доаѓа преку арехеолошките и други наоди во V и VI век, кога во близината на Вилазора постоеле и други храмови, како што е епископската базилика во Стоби, потоа и базиликата Св. Јован Крстител која потекнува, можеби и од поранешното време. Интересна појава кај овој манастир претставува и самата камбанарија, која е поврзана со манастирската црква и изгледа како да е нејзин составен дел од западната страгана.До средината на овој век, нешто по завршувањето на Втората Светска Војна, споредните манастирски згради во дворот, служеле како конаци и магацински простории. Од источната страна по сета должина на манастирскиот двор север-југ постоеле две згради составени од приземје и кат. Во приземјето се засолнувала стоката на селските гости, кои доаѓале на манастирската слава Св. Димитрие, првиот петок по Велигден, и во други поголеми празнични денови. Долго време овој манастир бил затрупан, се додека не бил повторно откопан во триесетите години на XIX-от век, од повеќе видни велешани, за што стои и спомен плоча во манастирот. За затрупаноста на манастирот сведочат во своите написи и Јордан Хаџи-Константинов - Џинот и Евлија Челебија. Според народните кажувања, се смета дека манастирот бил затрупан, поради доаѓањето на Турците. Постои можност и манастирот да бил затрупан поради одрон на карпи и камења, што често се случува и кај црквата Свети Пантелејмон во Велес. Во близина на овој манастир и во негова надлежност се наоѓаат и повеќе стари помали средновековни цркви, како што се Света Недела, Свети Никола, Света Петка, Свети Јован Крстител - Маркова Меана (во кругот на фабриката „Димко Митрев“), месноста Црн Камен.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]